Екипите на сектор Канализација во текот на денешниот ден, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа, во согласност со временската прогноза и најавите за зачестени врнежи од дожд, спроведоа и дополнителни активности за одржување на атмосферската канализациона мрежа.
Во рамки на дополнителните активности се извршија расчистување на сливниците, каналите и шахтите рачно, но и со примена на механизација – цистерни под притисок.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје остануваат подготвени и на терен во согласност со условите за навремена реакција за задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје.