Теренски работни активности за одржување на водоводната мрежа на ден 13.01.2025 год.

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје како јавно претпријатие секојдневно работи во служба на граѓаните на град Скопје и во насока на подобрување на условите за обезбедување на подобри и поквалитетни услуги.  

Во текот на денешниот ден екипите на сектор Водовод спроведоа активности за расчистување и санација на повеќе улични дефекти по градските улици и булевари. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, апелира за рационална и совесна употреба на водата за пиење имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со непроценлива вредност.