ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
Екипите на сектор Канализација во текот на денешниот ден спроведоа редовни активности за расчистување на фекалните шахти, чистење на сливниците и шахтите дел од атмосферската канализациона мрежа.
Во согласност со временската прогноза, проследена со поројни дождови и ветер, спроведени се и вонредни проверки на атмосферската канализациона мрежа особено на критичните точки во градот, со цел превенирање и спречување на поплави.
Теренските активности за одржување на атмосферската канализација ќе продолжат со цел обезбедување на нејзина непречена и нормална функционалност, како и спречување на задржување на поголеми количества на вода на одредени локации.