ЧПП

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.ВИЧ бр.22/2-4-уличен дефект,ул.Јадранска Магистрала-уличен дефект,ул.Славеј Планина бр,24-прилкучна цевка и Раштански Пат бб-уличен дефект.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:реон Ѓорче Петров-контрола на шахти и површинско чистење сливници,бул.Александар Македонски-Автокоманда-рачно чистење сливници,ул.Анастас Митрев-Аеродром-контрола на шахти и површинско чистење сливници,бул. Македонско Косовска Бригада-Бутел 2-површинско чистење сливници и ул.Љубљанска-Карпош-замена на решетка од сливник.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

 

 

 

Секој корисник состојбата на својата сметка за вода може да ја провери во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје,  во Службата за наплата, на ул. "Лазар Личеноски бр.9“, на приземје, а и на Веб страната.

Не оставајте ја славината да тече

Повеќето од луѓето имаат лоша навика да ја оставаат славината да тече додека ги мијат забите, додека се бричат или ја истекуваат водата за пиење. Тоа е добар начин непотребно да се потроши огромна количина на вода секојдневно. Затворајте ја славината кога миете заби или се бричите ќе заштедите 20 литри.

Поправете ги славините кои капат

Не постои мало капење. Славината која капе може да потроши до 100 литри вода на ден. Лесно се поправаат со замена на гумичката или доколку е потребно и замена на вентилот.

Казанчињата да се во исправна состојба

Казанче кое тече е најголем прикриен потрошувач на вода. Од него може да истечат до 300 литри на ден. Статистички е докажано дека секое петто казанче тече. Затоа редовно проверувајте ги и поправајте ги навреме. Користете казанчиња кај кои се штелува количината што истекува. Опсегот е меѓу 5 и 10 литри. Казанчето е "виновник" за 30% од потрошената вода во вашиот дом.

Проверете ги вентилите во вашата шахта. Ако капат или течат пријавете во најблискиот пункт.

Бидете рационални

Туширајте се кратко. За секоја минута туширање трошите од 20 до 40 литри вода.

Едно перење на машина троши околу 80 литри вода. Перете само кога машината е полна.

Во водоводниот систем на град Скопје во употреба се водомери од повеќе производители.

Вашиот водомер изгледа слично како на прикажаните слики.

Кај водомерите со директен бројчаник, едноставно отчитајте ја состојбата на бројчаникот. Децималите од кругчињата не се потребни.

Кај водомерите со кругчиња, почнете го читањето од кругот означен со "x1000", па "x100", "x10" и "x1". Бројките од кругчињата означeни со "x0.1", "x0.01" и "x0.001" не ви се потребни.

При отчитувањето, запишете ја бројката преку која стрелката веќе поминала.

 

 

 Пример на сликата  00000 m³

 

Пример на сликата  1632 m³

 

 

JП Водовод и канализација - Скопје се финансира исклучиво од продажба на вода и извршени услуги.

Согласно Законските измени, тарифата за водните услуги ја утврдува Регулаторната комисија. Отпочнувајќи од 01.01.2021 година важечките тарифи за водните услуги се следни:

Водна услуга

Домаќинство (МКД)

Останати (МКД)

РЖ Услуги АД Скопје (МКД)

ЈП Паркови и зеленило Скопје, за полевање на јавно градско зеленило

Снабдување со вода за пиење

18,50

49,50

13.00

0,50

Собирање и одведување на урбани отпадни води

10,87

16,62

 

 

Прочистување на отпадни води

0,84

0,84

 

 

 

Во фактурата која ЈП Водовод и канализација – Скопје ја доставува до корисниците, отпочнувајќи од 01.11.2019 година се пресметува и наплатува и Надомест за одржување на јавното градско зеленило (наплатените средства се за ЈП Паркови и зеленило – Скопје). Пресметката на Надоместот за одржување на јавното градско зеленило извршена е согласно Одлуките донесени од Совет на Град Скопје со бр.07-4610/1, од 31.10.2012 година и број 27-9978/1, од 28.10.2019 година (Надоместот за одржување на јавното градско зеленило се пресметува во висина од 19,5% од износот на тарифата за снабдување со вода за пиење и тарифата за собирање и одведување урбани отпадни води).

Со фактурата за водна услуга се пресметуваат и наплатуваат и средства за одржување на јавната комунална хигиена, односно за ЈП Комунална хигиена - Скопје.

фактурите можат да се платат на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје (ул. "Лазар Личеноски бр.9“) на приземје, во наплатниот пункт во Општина Сарај, сите експозитури на банките, како и на нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk во делот - Преглед и плаќање на фактури.

 

Потребно е да поднесете Барање за промена на име корисник, во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, во Службата за наплата, на ул. "Лазар Личеноски бр.9“,  на приземје.

 

Со барањето треба да ги приложите и следните документи:

 

1)    Последна платена сметка; и

2)    Копија од купопродажен договор или наследно решение

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies