Сектор за информатичка технологија

 

Развојот на современо јавно претпријатие е неминовно поврзан со имплементација на соодветна информатичко-информациска технологија. Преку анализа на податоци добиени од апликативно-системскитев решенија даваат можност за дополнителен развој и квалитативно согледување на одделни поставености на технологиите во јавно претпријатие.

Подигањето на квалитетот на сервисните услуги кон граѓаните се примарна цел на јавното претпријатие а нивната реализација е тесно поврзана и со секојдневно вложување во  технологија и нејзина надградба. Безбедносната поставеност на еден информатичко-информативен систем во јавно претпријатие е во тесна зависност од примена на компатабилна и на високо ниво имплементирана технологија. Проектите и продуктите кои се основа на дадениот систем континуирано имаат за цел да даваат брза, точна и навремена  информација на крајните корисници. Така врската претпријатие-корисник станува блиска на заедничко задоволство. Безбедно плаќање на  извршени услуги од дома, транспарентен увид во состојбите на претпријатието и неговата отвореност кон клиентот дава позитивен знак на доверба и ефикасна и трајна соработка.

Тополошката поставеност на системот е сегментирана во неколку нивоа и групи. Внатрешната поставеност на технологијата како во класична така и во виртуелна околина дава можност концепирање на сервисни услуги. Ефикасноста на соодветна информатичко-информациска технологија главно се темели на брзина, прецизност, сигурност и економичност.

Информациите можат да бидат дефинирани како трансформирани податоци во форма која е разбирлива и корисна за граѓаните како клиенти и вработените како составен дел на Претпријатието. Тие  ни служат за унапредување на нашите лични и професионални способности, во приватниот живот и на работното место. Работата со голем број податоци ја наметнува потребата за нивно логичко поврзување во систем на податоци.

Основната дејност на Сектор за информатичка технологија, е:

-       Одржување на сите тековни апликации и постоечка системска инфраструктура во претпријатието.

-       Обработка на разни видови податоци, трансформирајќи ги во корисни и услужни информации-податоци за другите служби, сектори во претпријатието и надвор од него.

-       Развој на нови апликации или модули од апликации, предлог за нови набавки на системска опрема и нејзино конфигурирање и ставање во употреба и др.

Организациона поставеност на Секторот

Својата дејност Секторот ја извршува преку три служби:

Служба за системска поддршка

-       Одделение за хардверско одржување и мрежна околина

-       Одделение за сервис на ИТ опрема

-       Одделение за оператива

Служба за развој и апликативен софтвер

-       Одделение за развој

-       Одделение за апликативен софтвер

-       Одделение за администрирање на бази на податоци

Служба за поддршка на SCADA, GIS ,GPS

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies