Офицер за заштита на лични податоци

Офицер за заштита на лични податоци

Владимир Георгиев

+389 (0) 2 3073 010 локал 465

е-маил:  dpo@vodovod-skopje.com.mk 


 Заштита на личните податоци 

Личните податоци се:

  • Обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспаретен начин во однос на субјектот на личните податоци (законитост, правичност и транспарентност)
  • Собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели.
  • Соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат (минимален обем на податоци)
  • Точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги во предвид целите заради кои биле обработени (точност)
  • Чувани во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци.
  • Обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оњтетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки ( интегритет на доверливост).

Контролорот е должен да ја демонстрија усогласеноста (отчетноста).

Контролорот може да побара доставување на дополнителни информации потребни за утврдување на идентитетот на субјектот на личните податоци.

Кога личните податоци се собираат од субјектот на личните податоци, контролорот во моментот на собирањето на личните податоци, на субјектот на личните податоци му ги обезбедува следните информации:

1)идентитетот и контакт податоците на контролорот и податоци за неговиот овластен претставник во Република Северна Македонија;

2) контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци;

3) целите на обработката за кои што личните податоци се наменети, како и правната  основа за обработката;

4) легитимните интереси што ги спроведува контролорот или трето лице;

5) корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има;

Контролорот во моментот на собирањето на личните податоци, на субјектот на личните податоци му ги дава следните дополнителни информации кои се неопходни за обезбедување на правична и транспарентна обработка:

1) временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа е невозможно, критериумите што се користат за одредување на тој период;

2) постоењето на право да се бара од страна на контролорот пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на субјектот на личните податоци, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците;

3) постоењето на правото за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена ;

4) информација дали давањето на личните податоци е законска или договорна обврска или услов кој е потребен за склучување на договор, како и дали субјектот на личните податоци има обврска да ги даде личните податоци и можните последици ако овие податоци не бидат дадени;

5) постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies