Политика за приватност

Јавното Претпријатие Водовод и канализација-Скопје е посветено на заштитата на приватноста и интегритетот на личните податоци кои се собираат и обработуваат преку корисничкиот профил за преглед и плаќање на сметки достапен и на следниот линк: https://e.vodovod-skopje.com.mk/login.aspx

 Целта на овој акт наречен Политика на приватност е да ги информираме сите корисници на нашата веб страна за сите лични податоци кои ги прибираме и обработуваме, како и чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика на приватност. Можете да пристапите до Политиката на приватност во секое време преку линкот во футерот.  Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб страницата значи прифаќање на оваа Политика на приватност. Доколку не се сложувате со условите во оваа Политика на приватност, Ве молиме не користете ја веб страницата.

Политиката на приватност е составена и сe води согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, пред се Законот за заштита на личните податоци и Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци, интерните акти на претпријатието и добрите светски практики.

 

Како и кои видови на лични податоци ги собираме?

Веб страницата www.vodovod-skopje.com.mk собира лични податоци при:

- регистрација на корисничкиот дел преку https://e.vodovod-skopje.com.mk/register.aspx

- користење на модулот Мој инкасатор

- користење на електронските услуги/ пополнување на контакт формите

При пополнување на горе-наведените форми, од Ваша страна се внесуваат,а од наша страна се обработуваат следните лични податоци:

- Име/презиме

- Адреса на постојано/привремено живеење

- Контакт телефон

- Е-mail

 

За што ги користиме вашите лични податоци?

Собраните лични податоци ги користиме за да:

-          Го креираме Вашиот електронски профил како Вие би ги ползувале сите наши понудени опции

-          Ви доставуваме електронска сметка (доколку ја изберете опцијата )

-          Ви доставиме известување за успешна трансакција, доколку плаќате електронски

-          Периодично Ви испраќаме информатори за нашите активности и работните можности (доколку се сложите на истото);

-          Одговориме на поквалитетен и посоодветен начин на Вашите барања и потреби.

Аналитика на „Google“

Страницата користи аналитика на „ Google “ за да помогне во анализа на начинот на користење на страницата од корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за Вашето користење на страницата (вклучително и IP адресата) се проследуваат до „Google“. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на страницата од корисниците и за да се направат статистички извештаи за активноста на страницата.

Ние нема (ниту ќе им дозволиме на третите страни) да ја користиме статистичката аналитичка алатка за следење или за собирање на кои било лични идентификациски податоци на корисниците на нашата страница. „ Google “ нема да ја придружи вашата IP адреса со кои било други Ваши податоци што се чуваат во „Google“. Ниту претпријатието ниту „Google“ нема да ја поврзе или да бара да ја поврзе IP адресата со идентитетот на корисникот.

Како ги заштитуваме личните податоци?

ЈП Водовод и канализација-Скопје презема разни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци при нивната обработка.

Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоците кои не се лични, а се складирани на нашата страница.

Обработка на вашите лични информации

Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме корисничките лични идентификациски информации на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци, како и другата важечка регулатива.

Пристап до личните податоци може да има и компанијата која е ангажирана од ЈП Водовод и канализација-Скопје за одржување и надградување на веб страницата, која согласно договорот мора да применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Ние не собираме никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. Вашата трансакција ќе биде процесуирана преку системот за наплата од кредитни картички на ХАЛКБАНКА АД СКОПЈЕ . Системот користи најнова технологија за заштита на личните податоци и притоа овозможува испраќање на бројот на вашата картичка директно до банката преку сигурна конекција.

Вашите лични податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.

Веб-страници на трети лица

Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на нашата страница, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, фирми со лиценца и други трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските што се присутни на тие страници и не сме одговорни за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од нашата страница. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена политика за приватност на личните податоци на нивните веб-страници и посебна политика за односи со клиенти.

Политика за приватност на личните податоци само за веб-страницата

Оваа политика на приватност се однесува само на веб страната на www.vodovod-skopje.com.mk и на сите под-домејни. Доколку преку нашата веб страна е обезбеден линк до друга веб страна ве информираме дека ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Промени на Политиката на приватност

Оваа Политика на приватност може повремено да се менува. Датумот на најскорешните промени ќе се појавува на оваа страница, затоа правете чести проверки. Вашиот континуиран пристап на веб страница ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Политиката на приватност.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со политиката, Ве молиме не користете ја нашата страница. Вашето континуирано користење на страницата следејќи ги промените на оваа политика ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.

 Контактирајте нѐ

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на личните податоци на Страната, практиките или комуникацијата со Страната, Ве молиме контактирајте нѐ на:

Телефон: 02 3073-010

Email: kontakt@vodovod-skopje.com.mk

Адреса: ул. Ѓуро Стругар број 5