Центар за санитарна контрола

ЈП Водовод и канализација-Скопје е првото градско јавно претпријатие кое во  2010 година ги воведе стандардите за менаџмент со квалитет ISO 9001, и HACCP системот за самоконтрола, стандардот ISO/IEC 17025:2006-Компетентност на лабораториите за тестирање и калибрирање и ISO/IEC 17020:2006 стандард за инспекциско тело. 
Центарот  за санитарна контрола како организациона целина во склоп на ЈП Водовод и канализација-Скопје егзистира со три  лаборатории и тоа: Микробиолошка лабораторија, Хемиска лабораторија за питки води и Хемиска лабораторија за отпадни води и Служба за санитарна контрола.
Постоењето на лабораториите го обврзуваат законските и подзаконските акти поради кои секое правно лице кое се занимава со производство на храна (каде спаѓа и водата) мора да има систем за самоконтрола врз основа на HACCP принципите и внатрешна контрола во своја акредитирана или во друга акредитирана лабораторија. (Чл. 2 и 5 од Законот за безбедност на храна Сл. 54/02 и Чл. 5 од Правилникот за безбедност на водата за пиење Сл. Весник на Р Македонија бр.46/08 и Чл.5 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води Сл. Весник на Р.Македонија бр.68)
Активностите на лабораториите во Центарот за санитарна контрола се состојат во секојдневна  контрола на водата  за пиење од 36 мерни места (одредени според бројот на еквивалент жители на Градот Скопје), санитарно-хигиенска контрола и надзор над објектите за водоснабдување: каптажите, резервоарите, хлоринаторските и пумпените станици како и контрола на површинските и  на комуналните одводни  води.
Од произлезените законски обврски, а и поради зголемената конкуренција на   акредитирани лаборатории на кои главна дејност не им се акватичните системи без разлика дали се работи за детектирање на параметри кои ја даваат санитарната исправност на водата за пиење или вршат категоризација на површински и отпадни води (еколошки параметри). 
Сите три лаборатории од страна на Институтот за акредитација на РМ кое единствено тело во државата за давање на акредитација се акредитирани по стандардот ISO/IEC 17025:2006 - Општи барања за компетентност на лабораториите за тестирање и калибрирање. Имено по спроведувањето  на барањата преточени во QMS документација (Прирачник, процедури и целокупната работна документација) и по изведеното иницијално оценување од страна на ИАРМ, Центарот за санитарна контрола на 01.03.2011 година се здоби со Сертификат за компетентност (LT-021) на: 11 стандардни методи за физичко-хемиско тестирање на вода за пиење, 10 стандардни методи за хемиско испитување на отпадни води и две стандардни методи за  микробиолошки анализи. На 07.03.2012 година Центарот за санитарна контрола го прошири опсегот на акредитацијата и тоа со уште четири микробиолошки методи, а во исто време го акредитира земањето на примероци на вода за пиење за микробиолошки анализи и хемиски анализи по стандардните методи ISO 19458 и ISO 5667-5 и земањето на примероци на површински и отпадни води по стандардни методи ISO 5667-6 и ISO 5667-10.
Придобивките од  акредитацијата се:    

- Демонстрирање на способност за земање и спроведување физичко-хемиски и микробиолошки испитувања на вода за пиење и отпадна вода, усогласени со барањата на корисниците и барањата на важечките законски и подзаконски акти и стандарди,
- Задоволство на корисниците со давање на лабораториска услуга  прилагодена со европските барања, 
- Обврска за постојано унапредување на работењето и техничката опременост на самите лабаратории, која е на ниво на современите светски технологии и меѓународно признати стандардни методологии. 
Со добивањето на самата акредитација, стручноста на техничкиот кадар и со техничката опременост на лабораториите сме чекор поблиску до тоа Центарот за санитарна контрола  да стане лидер во државата, со надеж во иднина да прерасне во референтна лабораторија во областа на акватиката.

Секојдневните активности од воспоставениот мониторинг на Центарот за санитарна контрола се одвиваат по организационо поставени лаборатории и тоа:
Хемиската и микробиолошката лабораторија работат на редовна контрола со константна динамика на физичко-хемискиот и бактериолошкиот квалитет на водата за пиење, површинските и фекалните води и развојни компоненти и тоа:
Редовни физичко-хемиски и бактериолошки анализи од 36 константни мерни места, со соодветна фрекфенција на земање на примероци за анализа на вода за пиење.
Редовни хемиски и бактериолошки анализи од бунарскиот систем Нерези-Лепенец.
Контрола на квалитетот на водата за пиење од каптажите на изворот во с.Рашче.
Вонредни физичко-хемиски и бактериолошки анализи  на новоизградена мрежа
Физичко-хемиски и бактериолошки анализи при годишно испирање на водоводната мрежа.
Редовни физичко-хемиски и бактериолошки анализи со соодветна фрекфенција на земање на примероци за анализа  површинска и отпадна вода.
Испитување на можностите и оценка за воведување на нови мерни места на териториите на новите општини, новоизградени мрежи  за водоснабдување и одведување.
Центарот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација-Скопје покрај анализи на примероци од градскиот водоводен систем и колекторската мрежа, врши и анализи на вода за пиење, на отпадна и површинска вода на примероци нарачани од надворешни клиенти кои за истите добиваат детален извештај од испитувањето.
Цената на физичко-хемиска анализа за еден примерок на вода за пиење изнесува 750.00 денари за физички и 1.500.00 денари за правни лица, без вкалкулиран ДДВ од 18%.
Цената на микробиолошка анализа за еден примерок на вода за пиење изнесува 750.00 денари за физички и 1.500.00 денари за правни лица, без вкалкулиран ДДВ од 18%.
Цената за анализа на примероци од површинска и отпадна вода е во зависност од потребата за параметри кои се предмет на самото испитување.

 

 

 

СПИСОК НА СТАНДАРДНИ МЕТОДИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ

Br.

Ознака на стандардотили нестандардната метода на тестирање

Наслов на стандардот или нестандардни методи во целост или парцијално (поглавие, дел, точка...) и евентуални врски со други стандардни методи

Интерна ознака на методата Интерна ознака на методата

No.

Reference to standard or nonstandard testing method (entirely or partly)

Title of standard or non-standard testing method entirely or partly (part, chapter, article, …) and eventual relation to other standards or methods

Internal referenceof methods Internal reference of methods

1.    

MKC EN ISO 7027:2007

Определување на матност

ВИК-М-001

2.    

МКС EN ISO 27888:2007

Определување електолитска спроводливост

ВИК-М-003

3.    

ASTM D 1293 - 99

Стандард Тест Метод за pH во вода

ВИК-М -004

4.    

US EPA- Method 130.2

Вкупна тврдина, титриметриска метода

ВИК-М -005

5.    

MKС EN ISO 8467:2007

Определување на перманганатен индекс

ВИК-М -007

6.    

MKС EN ISO 7150-1 :2007

Определување на амониум – Дел 1

ВИК-М -008

7.    

US EPA- Method 354.1

Нитрити –Спектрофотометриска метода

ВИК-М-009

8.    

APHA – AWWA – WPCF20th edition 1998

Ултравиолетова спектрофотометриска метода Б-4500 за определување на нитрати

ВИК-М-010

9.    

MKС EN ISO 9297: 2007

Квалитет на вода – Определување хлориди- титрација со сребрен нитрат со хроматен индикатор

ВИК-М-011

10. 

АSTM D 5904 -02

Вкупен неоргански и органски јаглерод со UV персулфатна оксидација

ВИК- М-113

11. 

ASTM D 1687 - 02

Стандард тест метод за хром во вода

ВИК-М-017

12. 

ASTM D 1292 - 86

Одредување на мирис на водата на 250 C

ВИК-М-002

13. 

US EPA- Method 310.1

Определување на алкалитет на вода

ВИК-М-006

14. 

ASTM D 516-02

Определување Сулфати турбидиметриски

ВИК-М-012

15. 

ASTM D 1068 - 03

Железо со Атомско Абсорпциона спектрофотометрија

ВИК-М-013

16. 

ASTM 516-02

Манган со Атомско Абсорпциона спектрофотометрија

ВИК-М-014

17. 

ASTM D 511 - 03

Калциум со Атомско Абсорпциона спектрофотометрија

ВИК-М-015

18. 

ASTM D 511 - 03

Магнезиум со Атомско Абсорпциона спектрофотометрија

ВИК-М-016

19. 

ASTM D1688 - 02

Бакар со Атомско Абсорпциона спектрофотометрија

ВИК-М-018

20. 

ASTM D 859

Силикати – колориметриски

ВИК-М-019

21. 

ASTM D4191 - 03

Натриум со Атомско Абсорпциона спектрофотометрија

ВИК-М-020

22. 

ASTM D 4192 - 03

Калиум со Атомско Абсорпциона спектрофотометрија

ВИК-М-021

23. 

US EPA- Method 330.5

Вкупен резидуален хлор (DPD-FAS)

ВИК-М-022

24. 

US EPA- Method 160.1

Сув филтриран остаток на 105 0 C

ВИК-М -100

25. 

US EPA- Method 160.2

Отстранување на суспендирани колоидни материи

ВИК-М-101

26. 

МKS EN ISO 6060: 2007

Определување хемиска потреба од кислород

ВИК- М-102

27. 

MKS EN ISO 27888:2007

Определување на електролитска проводливост

ВИК- М-103

28. 

ASTM D 1293:99

Стандард тест метод за pH во вода

ВИК- М-104

29. 

АSTM D 888 - 03       

Определување на растворен кислород

ВИК- М-105

30. 

MKС EN ISO 7150-1 :2007

Oпределување на амониум - дел 1

ВИК- М-106

31. 

US EPA- Method 354.1

Нитрити - спектрофотометриска метода

ВИК- М-107

32. 

US EPA- Method 375.4

Oпределување на сулфати

ВИК- М-108

33. 

APHA – AWWA – WPCF20th edition 1998

Ултравиолетова спектрофотометриска метода Б-4500 за определување на нитрати

ВИК- М-109

34. 

MKС EN ISO 9297: 2007

Квалитет на вода – Определување хлориди- титрација со сребрен нитрат со хроматен индикатор

ВИК- М-110

35. 

US EPA- Method 420.1

Oпределување на феноли

ВИК-М-111

36. 

US EPA- Method 170.1

Oпределување на температура

ВИК-М-112

37. 

US EPA- Method 351.4

Oпределување на TN

ВИК-М-114

38. 

US EPA- Method 405.1

Биолошка потреба од кислород ( 5 дена 20 )

ВИК- М-115

39. 

ASTM D 1687 - 02

Стандард тест метод за хром во вода

ВИК-М-116

40. 

US EPA- Method 377.1

Oпределување на сулфиди

ВИК-М-117

41. 

МКС ЕN ISO 6222

Броење на микроорганизми на култура – броење на колонии со инокулација во култура на хранлив агар

ВИК-М-200

42. 

МКС ЕN ISO 9308-1

Детекција и броење на Escherichia coli и колиформни бактерии – Дел1 :Метода на мембранска филтрација

ВИК-М-201

43. 

US EPA Standard Method 9223

Детекција на Escherichia coli со мембран филтрација

ВИК-М-202

44. 

МКС ЕN ISO 7899-2

Детекција и броење на цревни ентерококи – Дел 2 : Метода на мембранска филтрација

ВИК-М-203

45. 

МКС ЕN ISO 16266

Детекција и броење на Pseudomonas aeruginosa со мембранска филтрација

ВИК-М-204

46. 

МКС ЕN 26461-1

Детекција и броење на (clostridia) –Дел 1 :  Метода со збогатување во течен медиуим

ВИК-М-205

47. 

МКС ЕN 26461-2

Детекција и броење на спори од сулфито-редуцирачк анаероби -Дел 2 : Метода со мембран филтрација

ВИК-М-206

48. 

US EPA,Method 1605

Детекција и броење на Aeromonas Hydrophila со мембран филтрација со употреба на Ampicilin-Dextrin-Vancomycin

ВИК-М-207

49. 

МКС ЕN ISO 9308-2

Квалитет на вода-Детекција и броење на колиформни бактерии,термотолерантни колиформни бактерии и најверојатна Escherichia coli - Дел 2: Метод на повеќе епрувети (MPN)

ВИК-М-208

50. 

МКС ЕN ISО 19458

Квалитет на вода - Примероци за микробиолошки анализи

ВИК-М-281

51. 

МКС ЕN ISО 5667-1

Квалитет на вода –Земање на примероци-Дел 1: Упатство за дизајн на програма и техники за земање на примероци

ВИК-М-282

52. 

МКС ЕN ISО 5667-3

Квалитет на вода –Земање на примероци-Дел 3: Упатство за конзервирање и ракување со примероцитеGuidance on the design of sampling programmes and sampling techniques

ВИК-М-283

53. 

МКС ЕN ISО 5667-5

Квалитет на вода –Земање на примероци -Дел 5: Упатство за земање на примероци од пречистителни станици и градтски водоводни системи

ВИК-М-284

54. 

МКС ЕN ISО 5667-6

Квалитет на вода –Земање на примероци -Дел 6: Упатство за земање на примероци од потоци и реки

ВИК-М-285

55. 

МКС ЕN ISО 5667-10

Квалитет на вода –Земање на примероци -Дел 10: Упатство за земање на примероци на отпадни води

ВИК-М-286