Сектор за сметководство, финансиски работи, јавни набавки и комерција

Во составот на Секторот се наоѓаат Службата за  План и анализа, Служба за сметководство, Финансова служба, Служба за наплата од стопанство, Служба за наплата домаќинство, Служба за комерција и јавни набавки.

 

Служба за план и анализа

 

Службата за план и анализа ги извршува следните тековните работи од  својот делокруг:

  • Изработка на Финансов план;
  • Изготвување на Програмата за работа и развој на Претпријатието врз основа на плановите и програмите од секторите;
  • Изготвување на Инвестициона програма на Претпријатието врз основа на развојните програми на секторите и Градот Скопје
  • Изготвување на тромесечен, полугодишен и деветтомесечен извештај за работењето на Претпријатието;
  • Годишен Извештај за работењето на Претпријатието;
  • Изработка на цени за вршење на услуги за трети лица;
  • Евиденција на физичкиот обем на работењето за корисниците

од домаќинствата и стопанството;

  • Месечни статистички извештаи (интерни) за динамика на вработените, искористеност на работното време, прекувремено работење по видови по Сектори и на ниво на Претпријатие, изостанување по видови, месечен преглед на нето плата и просечна плата по квалификации по сектори и  на ниво на Претпријатието;
  • По барање на Заводот за статистика на град Скопје изготвување на извештаите:ТРУД 1; ВОД 1; ВОД 2; ИНВ 1; ГРАД 1; ГРАД 2; ТУ 11; СОМ-11; ИКТ.1; ДВ.КВ.ИН. и други извештаи;
  • Извештаи и анализи поврзани со работењето на претпријатието по барање на раководниот кадар на претпријатието.

 

Служба за сметководство

 

Службата за сметководство ги извршува сите тековни активности кои можат да се поделат на :

  • Редовните активности : примање, ликвидирање, книжење и издавање на прегледи и биланси за вкупните состојби во тековниот период.
  • Периодичните активности: составување и предавање на тримесечна, шестмесечна и деветмесечна пресметка каде се изготвуваат биланс на состојба, биланс на успех, даночен биланс и белешки кон финансиските извештаи. Во рамките на периодичните активности, значајно место заземаат месечните усогласувања на состојбите во сметководството со сегментот домаќинства, како и останатите месечни усогласувања по соодветни конта.
  • Припремни работи за составување на Годишната пресметка, во кои спаѓаат: пописите на основните средства, опремата, градежните објекти, годишните отписи  (приходување / расходување), утврдување на кусоци и вишоци по попис, како и самото изготвување на Годишната сметка каде покрај билансот на состојба, билансот на успех, даночниот биланс и белешките кон финансиските извештаи се изготвуваат и прегледи за посебни податоци, структура на приходи по дејности, извештај за парични текови и извештај за промени на капиталот.
  • Изготвување и комплетирање на соодветна документација за тужење на дадени фирми, врз основа на список за утужување на правни лица.
  • Континуирано финансиско усогласување на меѓусебните побарувања и обврски со коминтентите, врз основа на обезбедени конфирмации.
  • Согласно новиот Правилник за попис – Правилник за начинот на вршење на попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот („Службен весник на РМ“, бр.107/11)

                 

                 Финансова служба

 

Службата за финансии ги извршува следните тековни работни задачи:

  • Фактурирање на сите видови извршени услуги на ниво на Претпријатие (водоводни, фекални и атмосферски приклучоци, поправка на водомер, хлорирање, отпушување на канализација, дефекти и др.) за фирми и физички лица.
  • Изготвување на предлози за меѓусебни компензации и цесии,проверка на добиените предлози за меѓусебни и повеќекратни компензации, реализирање на сите потпишани и заверени примероци и раскнижување на истите во евиденција.
  • Отварање и затварање на жиро сметки-редовни и наменски во зависност од потребите.
  • Евиденција на сите плаќања од редовните и наменските жиро сметки и  нивно раскнижување.
  • Евиденција на сите плаќања од жиро-сметките вон книговодствено за уплатите од стопанство и домаќинство за потрошена вода и ќе врши дневна пресметка за префрлање на средствата за ЈП Паркови и зеленило и изготвувување на месечните извештаи и прегледи за фактурирана и наплатена вода од стопанство и домаќинство, месечни протоколи со ЈП Паркови и зеленило и месечни извештаи за Фонд за води.
  • Ќе врши следење на  сите уплати од услуги по банковите изводи,кои потоа ги внесува во спецификација на која службата за сметководството задолжително потврдува за затварањето на извршените уплати откако ќе извршат раскнижување на изводите од банката.
  • Преку референтите за плата ќе се врши пресметка на платата на сите редовни и времени вработени. По извршената проверка на истата од страна на УЈП, референтите ги изготвуваат сите налози за исплата и ги доставуваат до Банката за реализација. Исто така вршат пресметка на сите примања по други основи за вработените на ЈП Водовод и канализација(за исплата на регрес на годишен одмор,награди на вработени и сл.),изработуваат даночни пријави за сите вработени поединечно,за пресметаниот и исплатен персонален данок на доход,за сите членови на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација и Надзорниот одбор за материјално-финансиско работење, заверки на сите поединечни барања на вработените по основ на кредити, кредитни картички, потврди за нивните лични примања по разни основи и сл.
  • Изготвување и комплетирање на потребна документација за сите видови на  осигурување за кои ЈП Водовод и канализација-Скопје, има склучено договори за осигурување, реализација на правата и обврските  што произлегуваат од осигурувањето на имот, одговорност од дејност, авто и каско одговорност како и правата што вработените ги имаат по основ на колективно осигурување.

 

Служба за јавни набавки и комерција

 

Службата за јавни набавки и комерција ќе ги извршува своите работни задачи согласно донесениот План за јавни набавки и усвоената Инвестиционата програма од страна на основачот Град Скопје.

 

Службата според Планот за јавни набавки ќе врши:

  • истражување на пазарот преку кое ќе се добијат информации од понудувачите  за снабденоста, понудата и цените на пазарот за потребите на Претпријатието со што ќе може да се определи, ориентационо, вкупниот износ на парични средства кои треба да се предвидат за набавка на стоки, услуги, работи идр. Истражувањето на пазарот го врши оделението за комерција-референти за набавка, по претходно изготвени спецификации од секторите/центрите во Претпријатието, со утврдени количини на материјали, прецизни и точни податоци за материјали кои се предмет на набавка.
  • Одделението за комерција ги изработува новите шифри за сите видови новонабавени стоки во Претпријатието и истите се имплементираат во постојниот шифрарник, од страна на материјалните книговодители.
  • Одделението за јавни набавки ја изготвува целокупната  документација за реализирање на јавните набавки во согласност со Законот за јавни набавки во договор со директорот на Претпријатието, комисиите за јавни набавки, раководителот на службата и одговорното лице за јавни набавки.
  • Доставување на барања за согласности до Советот за јавни набавки, согласно Законот за јавни набавки.
  • Доколку поедини економски оператори/понудувачи, поднесат жалби по објавени јавни повици, односно по одлука за избор на најповолен понудувач, во одделението за јавни набавки заедно со соодветна комисија ќе се изготвува одговор на жалбите.
  • По завршување на целокупната постапка за јавни набавки и  потпишувањето на договори со понудувачите, преку налозите за набавка потпишани од директорите на сектори/центри, а одобрени од Директорот на Претпријатието, одделението за комерција ќе ги реализираат набавките.
  • Референтите за набавка се должни да достават порачка до понудувачот со кого е склучен договор за набавка
  • Референтите за набавка се одговорни за количината и квалитетот, заедно со магационерот и одговорното лице за квалитет на стоката, при приемот на стоката во магацинот.
  • Сместувањето на стоките (материјалите), издавањето на истите од магацинот, водење на целокупната документација во врска со  магацинското работење, ќе го вршат магационерите кои се задолжени во главниот магацин, и секторските магацини согласно ISO процедурата ВИК-755-101.
  • По извршените набавки, документацијата од видот на: фактури, испратници, приемници и др., референтот по документација во службата ќе ги обработи, евидентира и проследи до останатите служби во секторот за сметководство, финансови работи, јавни набавки и комерција, каде има потреба на понатамошна обработка.
  • Ќе  се направи измена, дополна и усогласување на процедурата за јавни набавки согласно измените во Законот за јавни набавки.

 

   Службата за наплата од стопанство 

 

Службата за наплата од стопанство ги извршува следниве тековни работни задачи:

  • Редовно месечно читање на водомери од стопанство и  фактурирање на потрошената вода за стопанств
  • Склучување на договори за водоснабдување, договори за отплата на долтот на рати
  • Редовно месечно читање на водомерите на сите правни лица.
  • Изготвување на вонредни сметки,книжни одобренија и месечни извештаи за извршените налози.
  • Евидентирање на нови корисници на услуги и по потреба ќе врши промена на корисници во матичната евиденција.
  • Превземање на сите потребни мерки за наплата на сметките за вода од стопанство.
  • Доставување на опомени за ненавремено плаќање до корисниците и како крајна мерка ќе врши исклучување од водоводната мрежа.
  • Изготвување на месечни прегледи за побарувањата за вода од претпријатија и установи и секојдневно ќе го прати приливот на пари од сите уплати за стопанство.
  • Преку одделението за интервенции се врши:промена на водомери и исклучување на правни лица,интервенирање по писмено барање од коминтентите,промена на вентили и отклонување на дефекти,исклучување и приклучување на сите должници од кои на друг начин не можат да се наплатат побарувањата.За сите интервенции ќе се изготвуваат месечни извештаи

 

 

   Службата за наплата од домаќинство

                                 

Службата за наплата од домаќинство ги извршува следниве тековни работи:

  • Читачите-наплатувачи   ќе вршат читање на водомери и достава и наплата на сметки за потрошена вода и подигнат смет, за изминатиот месец од 01-12. во тековниот месец
  • Благајниците   ќе вршат наплата на сметки за сите месеци,наплата по тужби,наплата за поправка на водомери,наплата за исклучување на водомери и наплата по други основи.Предавањето на наплатените средства ќе се врши секојдневно.
  • Контролата на корисници  ќе работи согласно предходно изготвен план (изготвен според предходно определен критриум). Ќе вршат вонредни контроли (согласно доспеани жалби од корисниците ) и ќе учествуваат во исклучување на нередовните плаќачи и дивите корисници од нашиот систем за водоснабдување поединечно или во предходно организирани акции  од 01 – 31 во месецот.
  • Реонскиот ликвидатор  ќе се грижи за целосно извршување на работните обврски на читачите и контролорите , а воедно ќе изготвува извештај за извршените работни задачи на читачите и контролотите до 25-ти во месецот и истите ќе ги доставува на разгледување до непосредниот раководител.
  • Раководителите на реоните и на благајната  ќе се грижат за целосната ангажираност на вработените во текот на работното време,а по прегледот на извештаите истите со конкретни забелешки ќе ги достави до Раководителот на службата, секој 28-ми во месецот.
  • Отчитување на водомери   - од 13-30 секој месец.
  • Измени  – секој работен ден
  • Извештај за наплата   (од сите банки, пошти и благајна ) секој 15-ти во месецот.
  • Извештај за извршена работа  во предходниот месец,секој 15-ти во месецот.
  • Работни налози  секој 28-ми во месецот.
  • Прием на странки  секој работен ден.