Сектор за правни, кадрови и општи работи

Целите и задачите на Секторот “Правни кадрови и општи работи” се огледуваат во обезбедувањето на правна основа и подршка на сите активности кои се одвиваат во претпријатието што претставува предуслов за законско и правилно функционирање на целокупното работење.

Секторот ја врши својата дејност согласно актуелните законски прописи и внатрешните акти на претпријатието, со што се обезбедува заштита на имотот, побарувањата и правата на претпријатието.

Комплексноста во работењето на Секторот Правни, кадрови и општи работи се огледува и во неговата структура. Секторот го сочинуваат две служби

Правна служба

Служба за кадрови и општи работи

Правната служба обезбедува правни услуги за координирано и непречено работење на секторите, центрите и претпријатието во целина, со тоа што ги извршува следните активности:

Поднесување на Предлози за донесување на решенија со кое се дозволува извршување на решение врз основа на веродостојна исправа пред овластени нотари;

Склучување на договори за пристапување кон долг за неплатени утужени побарувања и нивна заверка на нотар;

-Изготвување на барања за спроведување на извршување;Проверка на утужениот главен долг за секој предмет поединечно-континуирано

Реализирање на извршните платни налози-континуирано

Изготвување на поднесоци за делумно или целосно повлекување, одговори на приговор и одговори на жалба - континуирано

Изготвување на барање за спроведување на извршување до овластен извршител врз основа на правосилни и извршни платни налози-континуирано

Изготвување на заклучоци

Обработка на предмети за кои има поднесено приговор до судот од страна на тужен

Изготвување на решенија (за запирање на постапка; за делумно повлекување; итн.)

Изготвување на Решенија по однос на поднесен приговор од страна на тужен (решение за отфрлање на приговор како неблаговремен,  неоснован итн.)

Припрема на предмети по жалба

Вршење достава на сите видови на судски писмена поврзани со предметите каде што ЈП Водовод и канализација се јавува како тужител

Вршење достава на тужби со издаден платен налог и здружување на доставата со списите на предметот

Проверка на утужениот главен долг за секој предмет поединечно-континуирано

Работа на предмети со приговор од тужен – континуирано

Припрема на предметите кои се работат по Законот за извршна постапка кој престана да се применува заклучно со 31.12.2008 година за нивно предавање на овластени извршители или нотари заради нивна понатамошна работа- согласно измените на Законот за извршување и Законот за парнична постапка

Дневно пребарување на  уплати на банков извод кои се извршени од страна на должниковите должници на име задршка од плата на вработени лица, нивно евидентирање во систем и рачно раздолжување на главен долг (с-ки); трошоци, камата и трошоци за администрирање-континуирано

Дневно пребарување на наплатени утужени долгови за кои физички лица сами вршат уплата преку банков изводи, нивно евидентирање во систем и рачно раздолжување на главен долг (с-ки); трошоци и камата- континуирано

евидентирање на уплати за утужени долгови кои се извршени на благајна и нивно раздолжување на систем - континуирано

Месечни и неделни извештаи за извршените работни задачи - континуирано

Разработување на план за работа и работни активности за секој месец - континуирано

Ажурирање на базата на податоци и нејзино обновување - континуирано

Обезбедување на податоци за извршени уплати и склучени договори за плаќање на рати - континуирано

Обезбедување на податоци за должници - физички лица против кој може да се спроведе извршувањето по пат на задршка од плата или пензија-континуирано.

Испраќање на известување со податоци за утужени долгови од корисници за кои спроведувањето на извршувањето се врши преку овластени извршители - континуирано

Известување за промена на име на корисник врз основа на податоци - купопродажен договор или решение донесено во текот на постапка пред надлежен суд- континуирано

Известување за  починат корисник врз основа на податоци добиени од терен – континуирано

Комплетирање на документација за сопственост на објектите на Претпријатието и нивно запишување во катастарската евиденција

Учествува во работата на комисии од правен аспект

Следење и спроведување на законските прописи, како и давање на правни толкувања и мислења.

Стручна обработка на материјалите за Управниот одбор, како и донесените акти и одлуки од Управниот одбор.

Обезбедување на податоци и докази за решавање на судските спорови во согласност со позитивните законски прописи

Застапување на Претпријатието пред надлежните судови

Обезбедување на податоци и изработување на стечајни пријави како и пријави за правни лица под ликвидација во рамките на пропишаните законски рокови пред надлежните судови;

Поведување на постапки пред надлежен суд за неплатени долгови за потрошена вода од страна на должници –физички лица

Поведување на постапки пред надлежен суд за неплатен долг за потрошена вода од страна на должник-правни лица

Спроведување на постапки за утврдување на кршење на работниот ред и дисциплина и утврдување на вина, како и постапки за надомест на штета;

Водење евиденција на сите утужени ненаплатени побарувања од страна на физички и правни лица по основ неплатени фактури, камати, надомест на штета, работни спорови и по основ на неподмирен долг за користени услуги

Кадрова и општа служба

Службата обезбедува извршување на стручни работи и административно-технички работи кои се состојат во:

постапка за вработување кадри и пријавување во Агенција за вработување на град Скопје и изготвување Договор за вработување,

постапка за привремени вработувања

интерни огласи,

распоредување кадри со изготвување Анекс-Договор за вработување,

евидентирање во матична книга и азбучник со отварање досиеа,

внесување податоци во личните картони во софтверскиот систем за плата,

изготвување здравствени легитимации за нови вработени, замена на стари здравствени легитимации и пријавување во Фондот за здравствено осигурување, како и подигање картони за социјално осигурување на вработените,

регулирање на стажот и стажот со зголемено траење во Сектор „Водовод“, Сектор „Канализација“, Сектор „ЕОК“, Сектор „Механизација“ и Дежурно информативниот центар, со изготвување уверенија и внесување во софтверскиот систем за плата,

реализирање на плановите за годишен одмор со издавање на решенија за годишен одмор,

изготвување на решенија за платено и неплатено отсуство,

издавање на решенија за раскинување на Договорот за вработување и одјавување во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Агенцијата за вработување,

изготвување на извештаи и прегледи врз основа на кадровата евиденција,

изготвување на планови за работа за наредната година,

изготвување и спроведување на планот за набавки за потребите на службата,

издавање уверенија за работен однос,

во делот на социјалната и здравствената заштита на работниците ќе се врши увид на социјално загрозени лица и лица со намалена или изменета работна способност, здравствени прегледи на вработените,

ажурирање на евиденцијата на лица кои се ослободуваат од плаќање сметки за вода во соработка со Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи,

покренување постапка за остварување право на пензија по сите основи, одјавување во Агенцијата за вработување и покренување постапка за пензија во ФПИОМ

изготвување Одлуки за: отпремнина на работници кои заминуваат во пензија, за парична помош за починат работник и член на семејство

издавање на книги од библиотеката на претпријатието,

обврските кои произлегуваат од областа на Управување со кризи се извршуваат согласно законските прописи и акти,

од областа на заштита при работа: систематски прегледи на вработени кои работат на пумпени станици за питки, хлорни и фекални води како и санитарна лабораторија; периодични здравствени прегледи на вработени на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење; пријавување на повредени работници за време на работа со изготвување на повредни листи со придружна документација; вршење прегледи, мерења и испитувања на орадијата за работа, нивна исправност, функционалност и микроклиматски услови во секторите; обезбедување на заштитни средства и надзор и контрола за заштита на работниците при извршување на работните задачи.

Од општите работи кои се во надлежност на службата се извршуваат следните работни задачи:

примање на архивската пошта и нејзиното експедитивно доставување
до сите организациони единици,

компјутерско водење на целокупната архивска работа

телефонски услуги,

одржување на хигиената во работните простории и околу нив,

фотокопирање и умножување на материјали.