Средба со делегација од Водовод - Виена

Денеска во посета на ЈП Водовод и канализација – Скопје, беа г. Walter Kling, заменик Директор на Водовод – Виена и Претседател на асоцијацијата на водоводни претпријатија од дунавскиот регион, како и Philip Weller, технички Директор на асоцијацијата на водоводни претпријатија од дунавскиот регион. 

Тие остварија средба со Линдита Шакири, помошник Директор за технички прашања во ЈП Водовод и канализација – Скопје и Катерина Пејкова, шеф на кабинетот на директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Тема на разговор беше размена на искуства помеѓу двата субјекти, унапредување и продолжување на соработката, како и идни проекти и планови.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија