Средба со делегацијата од Европска Банка

Денес во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во посета беше Заменик директорот за проекти од животната средина во општинската инфраструктура на Европската Банка за реконструкција и развој, Лин Огреди, придружувана со претставници од локалната канцеларија на банката во Скопје.

Тие остварија средба со Линдита Шакири, помошник Директор за технички прашања во ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Делегацијата од Европската Банка заедно со претставниците од локалната канцеларија на банката ја поздравија досегашната соработка со ЈП Водовод и Канализација - Скопје и разговараа за унапредување и продолжување на соработката. На средбата се разменија идеи и предлози за понатамошно заедничко инвестициско вложување во насока на остварување на краткорочните и долгорочните развојни цели на претпријатието.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија