Препораки за штедење

Не оставајте да тече

Повеќето од нас имаат лоша навика да ја оставаат славината да тече додека ги миеме забите, или ја истекуваме водата за пиење. Тоа е добар начин непотребно да се потроши огромна количина на вода секојдневно.

 

Поправете ги славините кои капат

Не постои мало капење. Славината која капе може да потроши до 100 литри вода на ден. Лесно се поправаат со замена на гумичката или доколку е потребно и замена на вентилот.

За илустрација доколку чешмата не ви е во исправна состојба или не ви е добро затворена, на водомерите во вашите домови ќе биде регистрирана одредена дополнителна количина на потрошена  вода и тоа:

Една капка во секунда, за еден ден ќе значат дополнителни 5,1 литри потрошена вода, неделно 36 литри а годишно 1880 литрипотрошена вода.

Две капки во секунда, за еден ден ќе значат дополнителни 17 литри, неделно 117,5 литри а годишно 6115 литри потрошена вода.

Континуирано капење, за еден ден ќе значат дополнителни 108,5 литринеделно 2000 литри а годишно 39 500 литри потрошена вода.

Млаз со дебелина од 1,5 мм, за еден ден ќе значат дополнителни 380 литринеделно 2660 литри, а годишно 138 200 литрипотрошена вода.

Млаз со дебелина од 3 мм, за еден ден ќе значат дополнителни 1180 литринеделно 8230 литри, а годишно 427 500 литрипотрошена вода.

Млаз со дебелина од 5 мм, за еден ден ќе значат дополнителни 1955 литри, неделно 13 700 литри, а годишно 711 500 литрипотрошена вода.

 

Исправност на казанчињата

Казанче кое тече е најголем прикриен потрошувач на вода. Од него може да истечат до 300 литри на ден. Статистички е докажано дека секое петто казанче тече. Затоа редовно проверувајте ги и поправајте ги навреме. Користете казанчиња кај кои се штелува количината што истекува. Опсегот е меѓу 5 и 10 литри. Казанчето е "виновник" за 30% од потрошената вода во вашиот дом.

 

Проверете ги вентилите во вашата шахта. Ако капат или течат пријавете во најблискиот пункт.

 

Бидете рационални

Туширајте се кратко. За секоја минута туширање трошите 20 до 40 литри вода.

Затворајте ја славината кога миете заби или се бричите. Ќе заштедите 20 литри.

Едно перење на машина троши околу 80 литри вода. Перете само кога машината е полна.