Сектор Канализација

Секторот Канализација го следи и унапредува развојот и го одржува изградениот фекален и амосферски канализационен систем на подрачјето на Град Скопје со своите 10 општини како и во населбата Припор и општина Сопиште.

Изграденоста на фекалната канализација на територија на Град Скопје изнесува 690 км.

Изграденоста на атмосферската канализација на територија на Град Скопје изнесува 260 км.

Вкупно канализационата мрежа изнесува 950 км.

Во Канализациониот систем постојат 44962 ревизиони шахти, кои служат за контрола и одржување на самата канализациона мрежа и 17 088 сливници кои служат за прифаќање на атмосферските води.

Секторот Канализација врши одводнување и пречистување на отпадните и атмосферските води , тековно и инвестиционо одржување на:

Фекалниот канализационен систем со должина L=606 км. со кои се одводнуваат отпадните води од домаќинствата, индустријата и другите претпријатија и јавни установи, за чие прифаќање изградени се 5 (пет) Фекални пумпни станици и тоа: ФПС Maџари со капацитет од 550 литри/во секунда; ФПС Ново Лисиче со капацитет од 860 литри/во секунда; ФПС Старо Лисиче со капацитет од 180 литри/во секунда; ФПС 11Октомври со капацитет од 170 литри/во секунда и ФПС Макошпед со капацитет од 180 литри/во секунда и одржување на

Атмосферскиот канализационен систем со должина L=230 км. со кои се одводнуваат атмосферските води од територијата на градот Скопје во природните реципиенти и отворени канали, за чие прифаќање изградени се 4 (четири) Атмосферски пумпни станици и тоа: АПС Булевар Војводина со капацитет од 90 литри/во секунда; АПС Бихачка со капацитет од 160 литри/во секунда; АПС Булевар Србија со капацитет од 120 литри/во секунда и АПС Шуто Оризари со капацитет од 420 литри/во секунда.

Одржување во исправна состојба на атмосферските и фекални пумпни станици и објекти , одржување на 44.385 ревизиони шахти кои служат за контрола и одржување на канализационата мрежа и 17.088 сливници кои служат за прифаќање на атмосферските води како и одржување на попивателни бунари, преливи, испусти, сифони под река Вардар и друго.

Врши интервенции со цистерни под притисок , вакум како и интервенции со рачен алат, чекреци, сајли и друго.Врши изведување на приклучоци и контрола на истите.

Секторо Канализација има направено Програма и Список на критични места на цела територија на Град Скопје, кои редовно и превентивно ги одржува и на кои посветуваме големо внимание, а доказ за тоа е однапред утврдениот список со точно одредени извршители и истиот постојано се надополнува во зависност од временските услови. Во Оперативната програма прецизно е утврдено извршувањето на дејноста во зимски услови и елементарни непогоди кога има можност од врнежи на поголеми количества на дожд и снег, а со тоа се зголемува и опасноста од можни поплави.

Со секторот Канализација раководи Директорот на Секторот, а потоа доаѓа техничкиот раководител на секторот.

Секторот Канализација е поделен на 9 (девет) реони со реонски раководители и 19 (девентнаесет) пунктови со работоводители на истите