haccpLogo isoLogo
prev next


Najava

Известување за прекин на водоснабдување!

Ве известуваме дека на ден 05.05.2015г. поради улучен дефект ќе се изврши санирање на приклучна цевка Ф-3/4 на ул.Ужичка Република бр.2 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Ужичка Република, Румена Хаџипанзова и Бранко Заревскиод 10:00часот  па се до санирање на дефектот.
Поради улучен дефект ќе се изврши санирање на огрлица на ул.Ѓорѓи Димитров бр.24 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Ѓорѓи Димитров,Димо Хаџидимов и Вера Јоциќ од 10:40часот  па се до санирање на дефектот.
Поради улучен дефект ќе се изврши промена на цевка Ф-6/4 на ул.Рајко Жинзифов бр.50 ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.20 Октомври и Рајко Жинзифов од 09:30часот  па се до санирање на дефектот.


Повод светскиот ден на водата - ЈП Водовод и канализација-Скопје денес беше во посета на градинката Бубамара

По повод светскиот ден на водата, дел од раководниот тим на ЈП Водовод и канализација-Скопје денес беше во посета на градинката Бубамара-пчеличка 1, во населба Лисиче.

повеќе


ИНТЕРВЈУ ЗА ДНЕВНИК - АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВ, “Директор на ЈП Водовод и канализација“ Скопје

Првиот човек на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ најавува дека до Нова година ќе биде готова зградата под Кале, ќе се заменат сите азбестни цевки, ќе се купат 7.000 водомери на далечинско отчитување, а системот ќе биде подготвен за потенцијалните опасности од пролетните поплави.

повеќе


2 од 139 прикажи

Прашања и одговори

  • Тука можете да ги погледнете одговорите на најчесто поставуваните прашања во врска со услугите кои ги нуди нашето претпријатие.

    повеќе

Интерактивна мапа со објекти

Ви ја преставуваме интерактивната мапа со објекти на Ј.П.Водовод и канализација – Скопје на која воедно е објавена нивната местоположба , адреса и контакт телефон.

mapa

погледни


Тековен инфо блок

Планираниот физички обем на произведена и пласирана количина вода ги отсликува светските трендови за рационално искористување на водните ресурси, а притоа процесите се одвиваат на одржлив начин. Вкупното годишно производство на вода во изминатата 2013 година изнесуваше 102.700.170 м3 вода. За оваа 2014 година планирано е производство на 103.000.000 м3 вода.

» повеќе


Мониторингот на квалитетот на водата, согласно Правилникот за безбедност на водата за пиење на РМ подразбира секојдневно земање на примероци од 36 мерни места, кои се одредени според бројот на еквивалент жители на град Скопје, санитарно-хигиенска контрола и надзор на објектите за водоснабдување. Секојдневно се прават хемиски и микробиолошки анализи и добиените резултати потврдуваат дека водата од Водоснабдителниот систем е здраствено исправна односно ги задоволува сите критериуми пропишани во Правилникот за безбедност на водата за пиење на РМ

» повеќе


Теренските тимови на ЈП Водовод и канализација - Скопје со брзи и ефикасни интервенции на сите пријавени или евидентирани дефекти на водоводната и канализациона мрежа, за Февруари 2015 извршиja 19 130 интервенции на целата територија на Град Скопје.

» повеќе