haccpLogo isoLogo

Соопштенија

Реконструкција на водоводната мрежа на ул.Козле 1, општина Карпош

01.04.2011

Реконструкција на водоводната мрежа на ул.Козле 1, општина Карпош

ЈП Водовод и канализација-Скопје, во континуитет продолжува со реконструкција на водоводната мрежа односно замена на дотраените азбест-цементни и поцинкувани цевки со нови поквалитетни материјали, кои се отпорни на влијанијата на почвата и на сообраќајот, со што ќе се намалат повредите на самата водоводна мрежа а со тоа и загубите на вода.

ЈП Водовод и канализација-Скопје на денешен ден 01.04. 2011 година (петок), отпочна со реконструкција на водоводната мрежа, на улица Козле 1, во општина Карпош, со профил ф-100, а во должина од 168 метри.

ЈП Водовод и канализација-Скопје и во наредниот период продолжува со реконструкција на водоводната мрежа на цела територија на град Скопје.