Нов наплатeн пункт во општина Сарај
03.10.2011

Почитувани корисници,
Во насока на зголемување на нивото на услуги, намалување на Вашите трошоци и подобра взаемна непосредна комуникација, ЈП Водовод и канализација-Скопје на ден 03.10. 2011 година, го отвори наплатниот пункт во општина Сарај, во кој жителите од овој дел од Град Скопје ќе може да ги подмируваат своите сметки за вода и воедно ќе може да ги рекламираат истите. Локацијата на која се наоѓа наплатниот пункт е во центарот на општина Сарај, на улица 1 бр.74, веднаш до наплатниот пункт на ЕВН Македонија. Работното време на наплатниот пункт е од 08:00 до 14:30 часот, од понеделник до петок.
погледни ја локацијата
Контакт телефон: 02/3213-852
Mail: saraj@vodovod-skopje.mk
Со почит,
ЈП Водовод и канализација-Скопје