Заврши изградбата на првата делница од Фекалниот колектор Лисиче
15.01.2012

Почитувани корисници,
Ве информираме дека и покрај тешко пристапните теренски услови, успешно завршија градежните активности поврзани со изградбата на првата делница од Фекалниот колектор Лисиче, во должина од 841 метри, по дел од улицата Божин Николов покрај отворениот Усјански канал во населбата Горно Лисиче.
Согласно предвидената траса, продолжуваме со градежните активности за изградба на втората делница од Фекалниот колектор Лисиче, во должина од 1240,7 метри по новопредвидениот булевар Видое Смилевски Бато. Рокот за изградба на втората делница е до крајот на месец мај, со чие завршување ќе се заокружи изградбата на Фекалниот колектор Лисиче.
Вредноста на изградбата на Фекалниот колектор Лисиче изнесува 129.782.125 денари.
Со Фекалниот колектор Лисиче ќе се опфаќаат фекалните отпадни води од целата општина Аеродром и поголемиот дел од општината Кисела Вода.
Со почит,
ЈП Водовод и канализација-Скопје