haccpLogo isoLogo

Соопштенија

Реконструирана водоводната мрежа на улицата Марко Орешковиќ

29.11.2011

ЈП Водовод и канализација-Скопје, поради застарената водоводна мрежа,  во континуитет врши реконструкција на истата односно врши замена на дотраените цевки со нови поквалитетни материјали, кои се отпорни на влијанијата на почвата и на сообраќајот, со што се намалуваат повредите на самата водоводна мрежа, а со тоа и дефектите на истата.

Ја реконструиравме  водоводната мрежа по дел од улицата Марко Орешковиќ  односно  салолитните цевки, кои беа со профил ф-60 мм ги заменивме со нови поквалитетни од дактилно железо, кои се со поголем профил ф-80 мм, а во должина од 304,7 метри. Оваа реконструкција претставува продолжување на реконструкцијата на водоводната мрежа на истата улица, затоа што во 2010 година се реконструираа 563 метри водоводна мрежа, со профил ф-100 мм. Вкупната инвестиција изнесуваше 2.106.300 денари.

  Реконструкцијата на водоводната мрежа ќе значи подобро и поквалитетно водоснабдување за корисниците кои што живеат во овој дел од општината Кисела Вода