haccpLogo isoLogo

Соопштенија

Отворен наплатен пункт во општина Шуто Оризари

02.12.2011

Почитувани корисници,
Во насока на зголемување на нивото на услуги, намалување на Вашите трошоци и подобра взаемна и непосредна комуникација, ЈП Водовод и канализација - Скопје, на 02.12.2011 година, отвори наплатен пункт во општината Шуто Оризари.
Во овој наплатен пункт корисниците од овој дел од градот Скопје ќе може да ги плаќаат своите сметки за вода и да ги добијат сите потребни информации.

Адресата на наплатниот пункт:  улица Шуто Оризари бб,
(на аголот на улиците Шуто Оризари и Нов живот, до аптеката Голд фарм)

Работно време:
понеделник - петок
од 08:00 до 14:30 часот

Контакт телефон: 02/2655-344

Со почит,
ЈП Водовод и канализација-Скопје