haccpLogo isoLogo

Бесплатен телефон за контакт

Ги известуваме сите корисници на услугите на ЈП Водовод и канализација-Скопје, своите барања и информации поврзани со дефекти на водоводната и канализациона мрежа и други проблеми од аспект на редовното вододснабдување и одведување на отпадните води, да ги пријавуваат во Дежурно-информативниот центар, кој работи непрекинато 24 часа, на бесплатниот телефонски број 0800 22 555. Воедно ќе може да ги пријавуваат сите  корисници  кои се бесправно приклучени на водоводната и канализациона мрежа, како и евентуалните случаеви на примање мито и корупција од страна на вработените на ЈП Водовод и канализација-Скопје. Воведувањето на бесплатниот телефонски број е во насока на зголемување на квалитетот на услугите и централизиран прием на барањата од корисниците, благовремено интервенирање и следење на интервенциите.