ДЕЖУРНО-ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Дежурно-информативниот Центар при ЈП ВОДОВОД ИКАНАЛИЗАЦИЈА - Скопје работи непрекинато 24/7, при што контактите со граѓаните се остваруваат преку контакт центарот на телефонот: 02 3073 010, како и бесплатниот телефонски  број за пријава на дефекти: 0800 22 555 и e-mail адресата:

dezurna@vodovod-skopje.com.mk.

 

Во склоп на центарот функционираат две одделенија, кои се во постојана

координација:

  1. Одделение за грижа на корисници и пријава на дефекти

Основната дејност на ова одделение е давање информации на сите заинтересирани страни за евентуалните прекини во водоснабдувањето, информации поврзани со сметките за вода, прием на пријави од странки за настанати дефекти на водоводната и канализациска мрежа, прием и проследување на барања за лоцирање на подземни дефекти и лабораториско испитување на вода, координирање и организирање на  работата на соодветните пунктови при санирање на дефектите вон редовното работно време.

  1. Одделение за санирање на дефекти

Ова одделение зема директно учество во поправка на дефекти од помал обем и интервентното затварање на затварачи, како би се спречиле евентуални штети и хаварии од поголеми размери.

Во услови на обилни врнежи од дожд се вршат редовни обиколки на критичните точки

во градот и отпушување на сливници, како би се избегнале прелевања на вода од

канализационата мрежа.

 

Вон редовно работно време и за време на викенди и празници, во центарот има

на располагање една или повеќе цистерни под притисок  (зависно од временските

услови), кои работат на отпушување на улична и приклучна канализација.