Почеток на акција за поставување на модули за далечинско отчитување

Во прилог изјавата за медиуми на г. Александар Атанасов, Директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје

Почитувани,

Од денес ЈП Водовод и канализација – Скопје стартува со акција за поставување на нови 800 модули за далечинско отчитување во Општина Сопиште, со вкупна инвестиција од 4.8 милиони денари.

Планираме во овој период и во иднина да го засилиме темпото на поставување на модули за далечинско отчитување на територијата на Град Скопје.

Инаку, до сега се поставени околу 5000 модули за далечинско отчитување и дополнителни 30.000 водомери, кои имаат можност на истите да се постават модули, во таа насока ќе настојуваме оваа бројка да биде значително поголема.

Со поставување на овие модули, значително ќе се олесни читањето на водомерите на корисниците, а бенефит од истото ќе имаат и граѓаните и ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Исто така сакам да најавам дека по завршување на акцијата во Општина Сопиште, следна акција за поставување на модули за далечинско отчитување ќе биде во Општина Центар, а во наредниот период ќе ја информираме јавноста во кои други места ќе продолжат акциите.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија