Вработените во ЈП Водовод и канализација-Скопје доброволно членуваат во основната организација на Синдикатот на работниците од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Основната дејност и цел на основната организација на Синдикатот на работниците од ЈП Водовод и канализација-Скопје е заштита и унапредување на правата на работниците што ги остварува преку: застапување, претставување, заштита и унапредување на економските, социјалните и другите права кои произлегуваат од Законот за работни односи, Колективниот договор за комунални дејности и Колективниот договор на ниво на претпријатието, во кој се утврдени правата, обврските и одговорностите од работниот однос.
Најзначајни активности кои ги презема основната организација на Синдикатот се покрај потпишувањето на Колективниот договор помеѓу претседателот на синдикалната организација и претседателот на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје се следниве:
Од членовите на Синдикатот на тајни избори се избираат членови на највисокиот орган а тоа е Извршниот одбор и истиот го сочинуваат 17 членови и тоа:
Дарко Димовски (претседател)
Панче Мицевски (потпретседател)
Саше Јонузовски (секретар)
Азби Шаиповски (членови) Иванчо Боневски Зоран Вичентиќ Бектеш Исмет Томица Кираџиски Влатко Богоевски Насер Хајрулахи Тони Димовски Љубинка Радевска Стојан Кашиковски Горан Младеновски Александар Тримчевски Александар Панчевски Наде Јандриевска Илиева
Основата организација на Синдикатот на работниците од ЈП Водовод и канализација-Скопје има претседател кој има право да учествува на состаноците на Колегиумот и Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје. Во рамките на Извршниот одбор на основната организација на Синдикатот, постои комисија за доделување на парични средства за финансиска помош на работниците од ЈП Водовод и канализација-Скопје.Синдикалната организација им овозможува на работниците купување на производи за домаќинство, училишен материјал и други работи на одложено плаќање.
Основната организација на Синдикатот управува со одмаралиштата на ЈП Водовод и канализација-Скопје во Претор и Дојран.
Основната организација на Синдикатот го организира учеството на работниците од ЈП Водовод и канализација-Скопје на работничко-спортските игри односно на Комуналијада.