haccpLogo isoLogo

Сектор за технички работи и развој

Службата ги извршува следениве работни задачи:

Изготвува и прибира потребна документација за добивање на дозволи за изградба на објектите на дејности што се извршуваат во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Подготвува и изработува договори за главни проекти за Град Скопје, општините и за трети лица. Изготвува разни дописи и пропратни писма.

Службата за надзор врши технички надзор над објектите од дејностите што ги извршува ЈП Водовод и канализација-Скопје. Врши надзор на водоводната и на атмосферската и фекална канализација.

Службата за приклучоци издава хидротехнички услови. Изготвува и прибира потребна документација за изградба на приклучоците за објекти на постојни инсталации. Врши на лице место увид за определување на услови за изведба на приклучоците како и нивно усогласување со другите подземни инсталации и објекти. Изготвува пресметки за наплата од физичи и правни лица за извршените услуги при реализацијата на приклучоците. Издава решенија за приклучок со дозвола за градба и останата документација на изведувачот на работите на приклучокот. Исто така издава разни писма, дописи и одговори на барања.

Групата за приклучоци врши работи за приклучување на станбени и индивидуални објекти како и за разни деловни објекти на водоводната и канализациона мрежа во фаза од прво сознание за потребата од приклучување до фаза на изведување на приклучок.

Службата за катастар и техничка документација води катастар за постоечки и новопредвидени објектим и инсталции за дејностите што се извршуваат во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Врши геодетски снимања на објекти и инсталации што се градат за потребите на катастарскиот апарат. Издава уверенија односно потврди за местоположбата на постојните објекти и инсталации со нивните технички-технолошки карактеристики. Врши стручен геодетски надзор за објекти за кои инвеститор е ЈП Водовод и канализација-Скопје и надворешни странки.

Основната работа на службата се состои во решавање на техничките работи, припремни и организациони работи при изготвување на Инвестиционо-техничката документација (проекти) на објектите, која подразбира собирање на сите оподатоци со цел изработака на проектен Елаборат, изработка на проектна задача со прибирање на претходно потребни согласности за реализација на објектот, административно-финансиски работи и документација. Службата изработува проектни елаборати кои содржат потребна документација со согласности, техничким извештај, ситуација во М = 1:1000, профили, пресметки, нацрт на објекти на траси, основни пресеци, типски нацрти, предмер пресметка, елаборат за заштита при работа и друго со што може непречено да се отпочне со реализација на главните проекти на лице место.

Исто така каде што ќе се укаже потреба повремено врши и свој проектантски надзор, измена и дополна на проектите и анекс кон истите. Издава мислења за водоснабдување и одведување на отпадни фекални и атмосферски води од урбанистички локалитети на подрачјето на Град Скопје. Учествува во јавни расправи при изготвување на основните решенија за водоснбдување и канализација на Град Скопје, со давање на мислење по истите.

Врши ревизии на проектно-техничка документација изработена од наша страна или од други проектантски организации или инвеститори на ниво на главни и идејни проекти, основни и технички решенија. Дава стручни мислења и ревизија на инвестиционо-техничка документација врз база на издадени хидротехнички услови. Континуирано ажурира податоци за количините на испорачана вода од водоснабдителните објекти по денови и месеци. Врши хидраулично пресметување на параметрите на водоводната мрежа и определува притисоци во јазлите при случаеви на исклучување на различните делници од водоводната мрежа. Дигитализира постоешка и нова водоводна и канализациона мрежа со помош на GIS компјутерските апликации ArcInfo и Arc View и работи на изработка на работни подлоги и карти, како за потребите свои и на останатите сектори во претпријатието. Службата врши континуирана техничка и компјутерска подршка на останатите сектори во претпријатието. Учествува во изготвување на разни писмени барања и дописи до соодветни претпријатија, фирми и институции.

Покрај проектантските услуги за надворешни инвеститори и интерни потреби на ЈП Водовод и канализација-Скопје, службата за развој, проектирање и екологија врши и технички услуги и увиди на лице место за потребите на надлежните министерства, градското собрание со своите надлежни органи, општините, месните заедници, група граѓани и поедици.

Сектор Tехнички работи и развој, своите надлежности ги извршува преку:

  • Служба за развој,
  • Проектирање и екологија
  • Служба за припрема и инвестиции
  • Служба за приклучоци
  • Служба за надзор
  • Служба за катастар и техничка документација

Извршување на обврските:

Службите своите работни задачи ги извршуваат согласно Правилникот за организација и систематизација на ЈП Водовод и канализација-Скопје. Секторот за технички работи и развој подготвува материјали и ги свикува состаноците на Техничкиот совет на ЈП Водовод и канализација-Скопје.