Во рамките на Секторот Сметководство, финансови работи, јавни набавки и комерција постојат повеќе служби и тоа:
План и анализа ги извршува следните тековните работи од својот делокруг:
Учествува во изработка на Финансов план на претпријатието, Програмата за работа на претпријатието, анализа на тромесечно, полугодишно и деветтомесечно работење, Годишен Извештај за работењето на претпријатието.
Води евиденцијата на физичкиот обем на работењето за корисниците од домакинствата и стопанството. Прави месечна анализа на трошоците од работењето по видови и месечна анализа за прекувремено работење, по видови по сектори и на ниво на претпријатие.
Статистички извештаи за динамика на вработените, искористеност на работното време, изостанување по видови, месечен преглед на нето плата и просечна плата по квалификации по сектори и на ниво на претпријатието. Тримесечни статистички извештаи по барање на Заводот за статистика на град Скопје-ТРУД 1; ВОД 1; ВОД 2; ИНВ 1; ГРАД 1; ГРАД 2; ТУ 11; СОМ-11; ИКТ.1; ДВ.КВ.ИН. и други извештаи.
Извештаи и анализи поврзани со работењето на претпријатието по барање на раководниот тим на претпријатието.
Во рамките на Секторот за сметководство, финансови работи, јавни набавки и комерција, се извршуваат сите потребни активности поврзани со осигурување на имотот на Претпријатието. Сите видови на осигурување се опфатени со договорите, склучени по пат на избор на најповолен понудувач, согласно Законот за јавни набавки.
Службата ги извршува следните работни задачи:
Во службата се изготвуваат предлози за меѓусебни компензации и цесии, се проверуваат добиените предлози за меѓусебни и повеќекратни компензации, се реализираат сите потпишани и заверени примероци и истите се раскнижуваат во евидецијата.
Службата врши отворање и затворање на жиро сметки-редовни и наменски во зависност од потребите.
Службата врши евиденција на сите плаќања од редовни жиро сметки и наменски жиро сметки. Службата ги изготвува сите налози за плаќање откако фактурите ќе бидат потпишани од Директорите на секторите каде што е извршена услугата, комерција и ликвидирани од ликвидаторот. Истовремено ги доставува до банка за нивно реализирање а следниот ден во изводите го проверува нивното спроведување во зависност од тоа во која банка се реализирани и врши нивно раскнижување.
Службата врши евиденција на сите плаќања од жиро-сметките вон книговодствено за уплата од стопанство-вода и врши дневна пресметка за префрлање на средствата за ЈП Паркови и зеленило и Фонд за води. Од таа евиденција се изготвуваат и месечните извештаи и прегледи за фактурирана и наплатена вода од стопанство и домаќинство, месечни протоколи со ЈП Паркови зеленило и месечени извештаи за Фонд за води. Истовремено ги следи и сите уплати од услуги по банковите изводи, кои потоа ги внесува во спецификација на која сметководството задолжително потврдува за затвороњето на извршените уплати откако ќе извршат раскнижување на изводите од банките. Така потпишани од двете служби спецификациите ги доставува до службата за приклучоци.
Одделението за интервенции, промена на водомери и исклучување на правни лица, врши промена на водомери и исклучување на правни лица, интервенира по нивно писмено барање, врши промена на вентили и отклонување на дефекти. Службата врши исклучување и приклучување на сите должници од кои на друг начин не можат да се наплатат побарувањата. За сите интервенции ќе се изготвуваат месечни извештаи.
Во службата за финансии, референтите за плата прават пресметка на плата на сите редовни и времени вработени. По извршената проверка на истата од страна на УЈП, референтите ги изготвуваат сите налози за исплата и ги доставуваат до Банката за реализација. Исто така вршат пресметка на сите примања по други основи за вработените на ЈП Водовод и канализација (за исплата на регрес за годишен одмор, награди на вработени, и сл.)
Изработуваат даночни пријави за сите вработени поединечно, за пресметаниот и исплатен персонален данок на доход, за сите членови на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје и Одборот за материјално-финансиското работење. Вршат заверки на сите поединечни барања на вработените по основ на кредити, кредитни картички, потврди за нивните лични примања по разни основи.
Службата за сметководство ги извршува сите предвидени активности кои и се доверени, а за кои и е формирана. Овие активности можат да се поделат на редовни и периодични. Редовните активности се состојат од примање, ликвидирање, книжење и издавање на прегледи и биланси за вкупните состојби во тековниот период.
Периодичните активности се состојат од составување и предавање на тримесечна, шестмесечна и деветмесечна пресметка каде се изготвуваат биланс на состојба, биланс на успех, даночен биланс и белешки кон финансиските извештаи, припремни работи за составување на Годишната пресметка, во кои спаѓаат пописите на основните средства, опремата, градежните објекти, годишните отписи(приходување /расходување), како и самото изготвување на Годишната сметка каде покрај билансот на состојба, билансот на успех, даночниот биланс и белешките кон финансиските извештаи се изготвуваат и прегледи за посебни податоци, структура на приходи по дејности, извештај за парични текови и извештај за промени на капиталот.
Во рамките на периодичните активности, значајно место заземаат месечните усогласувања на состојбите во сметководството со сегментот домаќинства, како и останатите месечни усогласувања по соодветни конта, што би допринело за точни и квалитетни податоци како во периодичните, така и во годишните прегледи и извештаи.
На крајот на годината службата за сметководство изготвува и испраќа каматни листи за задоцнето плаќање (по валутен рок) на правните лица кои се јавуваат како коминтенти во сметководствената евиденција.
Континуирано се врши финансиско усогласување на меѓусебните побарувања и обврски со коминтентите преку правење на записници (еднаш во годината се врши усогласување со коминтентите, при тоа давајќи им предност на големите и средни претпријатија).
Службата за јавни набавки и комерција ги извршува своите работни задачи согласно планот за јавни набавки и инвестиционата програма.
Објавува јавни повици и склучува договори со понудувачи. Изготвува план за работа во зависност од обемот и предвидената динамика на набавките.
Извршува истражување на пазарот преку кое се добиваат информации од понудувачите за снабденоста, понудата и цените на пазарот за потребите на претпријатието со што ќе може да се определи, ориентационо, вкупниот износ на парични средства кои треба да се предвидат за набавка на стоки, услуги и др. Истражувањето на пазарот го извршува оделението за комерција-референти за набавка, по претходно изготвени спецификации од секторите/центрите во претпријатието, со утврдени количини на материјали, прецизни и точни податоци за материјали кои се предмет на набавка. Исто така оделението за комерција ги изработува новите шифри за сите видови новонабавени стоки во претпријатието и истите ги имплементира во постојниот шифрарник. Со ова се овозможува веќе изготвените техничките спецификации (листи) од страна на секторите/центрите да се стават соодветните шифри од шифрарникот преку кои се следи исполнувањето на тендерите количински и финансиски.
Одделението за јавни набавки ја изготвува целокупната документација за реализирање на јавните набавки во согласност со Законот за јавни набавки комисиите за јавни набавки, раководителот на службата и одговорното лице за јавни набавки. Исто така одделението за јавни набавки во зависност од потребите, врши одредени консултации и барање на мислења со Бирото за јавни набавки, согласно Законот за јавни набавки. Доколку поедини економски оператори, понудувачи, поднесат жалби по објавени јавни повици, односно одлука за избор на најповолен понудувач, во одделението за јавни набавки заедно со соодветна комисија се изготвува одговор на жалбите.
По завршување на целокупната постапка за јавни набавки и потпишувањето на договори со понудувачите, преку налозите за набавка потпишани од директорите на сектори/центри, а одобрени од Директорот на Претпријатието, одделението за комерција ќе ги реализираат набавките.
Сместувањето на стоките (материјалите), издавањето на истите од магацинот, водење на целокупната документација во врска со магацинското работење се вршат согласно ISO процедурата ВИК-755-101.
По извршените набавки, документацијата од видот на фактури, испратници, приемници и др. се обработуваат, евидентираат и проследуваат до останатите служби во секторот за сметководство, финансови работи, јавни набавки и комерција, каде се доставуваат на понатамошна обработка.
Службата за наплата од домаќинство и стопанство ги извршува следните работни задачи:
Врши читање на водомери и достава и наплата на сметки. Читањето на водомери, достава и наплата на сметки за потрошена вода и подигнат смет, за изминатиот месец се врши од 01-15 во тековниот месец.
Извршува наплата на сметки за сите месеци, наплата по тужби, наплата за поправка на водомери, наплата за склучени договори, наплата за исклучување и приклучување на водомери и наплата по други основи..
Прави вонредни контроли (согласно доспеани жалби од корисниците) и врши исклучување на нередовните плаќачи и дивите корисници од нашиот систем за водоснабдување од 01-31 во месецот.