Општеството во кое живееме, често пати, се нарекува информатичко општество. Имено, за современите претпријатија обезбедувањето на точни и навремени информации претставува еден од основните фактори за успех во борбата за обезбедување опстанок и просперитет на пазарот. Во вакви услови, користењето на сметачки машини, речиси во сите домени на делувањe на претпријатијата, стана неопходност. Ова главно се должи на следните предности што ги пружа еден соодветно организиран и управуван компјутерски систем: брзина, прецизност, сигурност и економичност.
Податоците можат да се подразберат како еден вид „суровини”, со чија обработка се добиваат готови производи во вид на информации. Значи информациите можат да бидат дефинирани како трансформирани податоци во форма која е разбирлива и корисна за луѓето.
Во литературата и практиката, поимите податоци и информации најчесто, се користат како синоними. При тоа, се она што човекот го разменува во процесот на комуницирање со својата околина се нарекува информација. Информациите ни служат за унапредување на нашите лични и професионални способности, во приватниот живот и на работното место.
Под обработка на податоци се подразбира нивно следење, регистрирање и произведување на одредени информации. Работата со голем број податоци ја наметнува потребата за нивно логичко поврзување во т.н. датотеки на податоци, кои се меморираат на секундарни мемориски средства (магнетен диск, магнетна лента, оптички средства итн.). Понатаму да спомнеме дека постојат повисоки нивоа на организирање на датотеките, во бази и банки на податоци.
Сето погоре наведеното е еден вовед со кој сакаме да потенцираме која е основната дејност на Сектор За информатичка технологија, односно :
Својата дејност Секторот ја извршува преку три служби:
Секторот За Информатичка технологија врши одржување на апликации за сметководство, финансово и материјално работење, домаќинства, работни организации, фактурирање на услуги, основни средства, тужби за домаќинства, личен доход, кадрова евиденција, благајничко работење и др.