Основната дејност на Дежурно-информативниот центар при ЈП Водовод и канализација-Скопје е давање информации на сите заинтересирани странки за евентуалните прекини во водоснабдувањето, интервенции по повици-пријави од странки за настанати дефекти на водоводната и каналска инсталација, координирање и организирање на работата на соодветните пунктови при санирање на дефектите вон редовното работно време, како и директно учество во санирање на дефекти од помал обем и интервентно затварање на затварачи, како би се спречиле евентуални штети и хаварии од поголеми размери и отпушување на сливниците при обилни врнежи на дожд.
Во склоп на Дежурно-информативниот центар работи и Службата за испитување дефекти на водоводна мрежа.
Со цел благовремено информирање на граѓаните за евентуалните прекини во редовното водоснабдување на одредени реони во градот, Дежурно-информативниот центар ги извршува сите неопходни контакти, првенствено со Центарот за известување и тревожење на град Скопје.
Дежурно-информативниот центар работи непрекинато 24 часа, 7 дена во неделата, 365 дена во годината, при што контактите на граѓаните со нашата дежурна служба се остваруваат преку телефон: 3073010, факс: 3073010 и e-mail адресата: dezurna@vodovod-skopje.com.mk
Ј.П. Водовод и Канализација-Скопје преку Дежурно-информативниот центар од 23.09.2005 година воведе и бесплатен телефонски број 0800 22 555 за пријавување на сите корисници кои се бесправно приклучени на водоводната и канализациона мрежа, како и евентуални случаеви на примање мито и корупција од страна на вработените на Ј.П. Водовод и Канализација-Скопје.