10.01.2012
» Погледни извештај
Планираниот физички обем на произведена и пласирана количина вода ги отсликува светските трендови за рационално искористување на водните ресурси, а притоа процесите се одвиваат на одржлив начин.
Вкупното годишно производство на вода во изминатата 2011 година изнесуваше 101.280.847 м3 вода.
За оваа 2012 година планирано е производство на 100.500.000 м3 вода.
Главни објекти на системот за производство и за дистрибуција на вода за Град Скопје се: изворот Рашче, бунарските подрачја Нерези и Лепенец, хлоринаторски станици, препумпни станици, хидрофори, резервоари и водоводна мрежа.
Потребите за вода за град Скопје скоро во целост се обезбедуваат од изворот Рашче.
Изворот Рашче се состои од две Каптажи Рашче 1 и Рашче 2, со вкупен капацитет од 6 м3/во секунда или кажано во литри 6000 литри/во секунда.
Поради енормната потрошувачка на вода во летниот период и покрај обилниот капацитет на изворот Рашче, може да се појави потреба од активирање на бунарските подрачја Нерези и Лепенец.
Бунарското подрачје Нерези се состои од 4 (четири) бунари, кои се со капацитет од 0,76 м3/во секунда.
Бунарското подрачје Лепенец се состои од 3 (три) бунари, кои се со капацитет од 0.69 м3/во секунда.
Доводот на водата од изворот Рашче до корисниците се врши преку два цевковода, со профил ф-1600 мм.
Врз потеклото и квалитетот на изворската вода слеана во изворот Рашче постојано се изведуваат софистицирани хидролошки, метеоролошки и изотопски лабараториски испитувања. Потврдно е дека 70% од водата во Рашче доаѓа од Шар Планина, 20 % од Жеденскиот масив и 10 % од реката Вардар и воедно дека овој непроценлив природен благодет до тој степен е физички, хемиски и бактериолошки чист, што нема потреба од каков било дополнителен третман, освен превентивно хлорирање.
Превентивна дезинфекција на водата се изведува со гасен хлор и на тој начин се овозможува трајна заштита од загадувања. Дезефинкцијата на водата се врши преку хлорирање во Хлоринаторски станици, кои се лоцирани во повеќе места во градот Скопје и тоа: од запад, на главните доводи ф-1600 мм. изградена е хлоринаторсна станица Кондово, со капацитет на хлорирање од 15 литри/на час хлор.
Во бунарското подрачје Лепенец изградена е хлоринаторна станица, со капацитет на хлорирање од 4 литри/на час хлор. Во бунарското подрачје Нерези изградена е хлоринаторска станица, со капацитет од 4 литри/на час хлор. Во с.Рашче изградена е хлоринаторска станица, со капацитет на хлорирање од 1 литар/на час хлор.
Теренските услови во Град Скопје се такви што има потреба од висинско зонирање на системите за водоснабдување. Снабдувањето со вода за високите зони се врши со 21 (дваесет и една) Препумпна станица, кои се со вкупен капацитет од 3464 литри/во секунда. За заштеда на питката вода, ЈП Водовод и канализација-Скопје има изградено 5 (пет) бунари, со капацитет од 60 литри/во секунда и кои се наменети за полевање на зелените површини во општина Аеродром.
Водоводниот систем располага со 7 (седум) Хидрофорски постројки, кои се со вкупен капацитет од 154 литри/во секунда и истите се користат за некои приградски населби во Град Скопје.
Изградени се 32 (триесет и два) резервоари, со вкупен капацитет од 34 535 м3.
Вкупната водоводна мрежа изнесува 1030 км . Големината на профилот на цевките се движи од ф-2 до ф-1600 мм.