Водомери со далечинско отчитување

ЈП Водовод и канализација-Скопје од 2009 година почна да вградува водомери со далечинско отчитување. Тие се монтирани во делови од населбите Лисиче, Аеродром, Бутел и Чаир. Намерата на Претпријатието е да продолжи во вградување на вакви водомери и во иднина. Овој систем овозможува редовно и точно отчитување на состојбата на водомерите, без притоа да се нарушува приватноста на корисниците. Со поставувањето на овие водомери со далечинско отчитување ќе се изготвуваат точни сметки (без просек), а притоа ќе се детектираат аномалиите, на пример, дефектите во инсталацијата (постојано истекување) на корисниците или манипулација на водомерите (можна злоупотреба).
Досега заклучно со 2011 година поставени односно монтирани се 4700 водомери со далечинско отчитување во домаќинствата и 200 индустриски комбинирани водомери во правните субјекти.