Поставен камен темелник на новата административна зграда 04.12.2011
04.12.2011

Почитувани корисници,
ЈП Водовод и канализација-Скопје на ден 04.12.2011 година го постави камен темелникот на новата административно-управна зграда. На свечениот чин на поставување на камен темелникот присуствуваше Претседателот на Владата на РМ, г-дин Никола Груевски, Градоначалникот на град Скопје, г-дин Коце Трајановски, Претседателот на Советот на град Скопје, г-ѓа Ирена Мишева, Заменик Министерот за локална самоуправа г-дин Сашо Лазаровски, Директорите на градските јавни претпријатија и бројни други функционери од локалната и централната власт.
Според идејното решение управната зграда ќе има своја стилска фасада, ќе биде во класичен стил, приземје и 5 ката, со подземен паркинг на три нивоа кој ќе биде со капацитет за 138 возила. Објектот ќе се гради на истата локација каде што беа и времените објекти односно на улица Лазар Личеноски број 27.
Вкупната бруто површина изнесува 10660 м2, а вкупната нето површина изнесува 8864,7 м2 Административно-управната зграда ќе се простира на бруто површина од 5326 м2, нето површина од 3863,7м2, а самата површина за градба изнесува 962 м2. Вкупната бруто површина за подземните нивоа изнесува 5334 м2, а нето површината изнесува 5001 м2. Висината на објектот изнесува 21 метар.
Инвеститор на новата управна зграда е ЈП Водовод и канализација-Скопје, а вредностa која беше постигната по пат на електронска аукција, согласно позитивните законски прописи изнесува 610.378.476 денари. Изведувач на градежните работи е фирмата Алпине Бау ГмбХ подружница Скопје. Рокот за изградба изнесува три години.
Со почит,
ЈП Водовод и канализација-Скопје
Поставен камен темелник на новата административна