Интервенции на водоводната и канализационата инфраструктура
10.01.2012

И З В Е С Т У В А Њ Е
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека теренските тимови на ЈП Водовод и канализација-Скопје, навремено, совесно и одговорно ги извршуваат своите секојдневните работни задачи и обврски, со цел квалитетно и ефикасно одржување и санирање на дефектите на водоводната и канализациона инфраструктура. Како информација во 2011 година извршени се 105 587 интервенции на канализационата мрежа, а бројката на извршени интервенции на водоводната мрежа изнесува 15 175 интервенции.
Со почит,
ЈП Водовод и канализација-Скопје