haccpLogo isoLogo

Соопштенија

Успешно спроведена акција за чистење на сливници

16.02.2012

Успешно спроведена акција за чистење на сливнициЈП Водовод и канализација-Скопје одржува 248 километри атмосферска канализациона мрежа. Во канализациониот систем постојат 17 088 сливници кои служат за прифаќање на атмосферските води и 44 962 ревизиони шахти кои служат за контрола и одржување на канализационата и атмосферската мрежа.
За одведување на атмосферските води од територијата на Град Скопје во природните реки и отворени канали, изградени се 4 (четири) Атмосферски пумпени станици и тоа: АПС Булевар Војводина со капацитет од 90 литри/во секунда; АПС Бихачка со капацитет од 160 литри/во секунда; АПС Булевар Србија со капацитет од 120 литри/во секунда и АПС Шуто Оризари со капацитет од 420 литри/во секунда. Атмосферските пумпени станици работат со полн капацитет и истите редовно се сервисираат односно одржуваат.
Поради интензивните врнежи од снег кои го зафатија Градот Скопје, ЈП Водовод и канализација-Скопје, во изминатите десетина денови, спроведе сеопфатна акција за чистење на сливниците кои служат за прифаќање на водата која се создава од топењето на снегот. Акцијата се спроведе согласно изготвената Програма и Оперативен план, во која прецизно е утврдено извршувањето на дејноста во зимски услови и елементарни непогоди кога има можност од врнежи на поголеми количества на дожд и снег, а со тоа се зголемува и опасноста од можни поплави на цела територија на Град Скопје.
За успешна реализација на акцијата беа формирани 25 мобилни теренски тимови, со бројка на луѓе која варираше во зависност од временските прилики од 130 до 200 луѓе и со целокупната расположлива механизација за овој вид на работа. Бројот на извршени интервенции изнесува 12 000, а опфатија површинско чистење на решетки од сливници, рачно чистење на сливници и шахти со лопата, влечење на талог од шахтите и сливниците со вакум цистерни, отпушување на канализација со цистерни под притисок, перење на канализација со вакум цистерни и отпушување со сајла. Удвоени беа и екипите при Дежурно-информативниот центар на ЈП Водовод и канализација-Скопје кој работи 24 часа.
И во наредниот период мобилните и редовните теренски тимови, ќе бидат постојано на терен, извршувајќи ги своите работни задачи.
Во однос на водоснабдувањето, истото се одвива редовно и нормално, а дефектите кои се појавуваат на водоводната мрежа се санираат тековно.

Чистење сливници

1 2 3 4 5