haccpLogo isoLogo

Соопштенија

Квалитет на водата

18.01.2012

Квалитет на водата

Квалитет на водата

ЈП Водовод и канализација-Скопје во својот Центар за санитарна контрола врши редовен мониторинг на квалитетот на водата за пиење. Мониторингот на квалитетот на водата, согласно Правилникот за хигиенска исправност на водата за пиење подразбира секојдневна контрола на водата за пиење од 49 мерни места, кои се одредени спрема бројот на еквивалент жители на Град Скопје, санитарно-хигиенска контрола и надзор на објектите за водоснабдување. Добиените резултати потврдуваат дека водата од Водоснабдителниот систем е здраствено исправна односно ги задоволува сите критериуми пропишани во Правилникот за безбедност на вода за пиење на РМ. Физичко-хемиските параметри се детерминираат по методологии на ASTM ( American Society for Testing and Materials), по ISO стандардите за оваа област и одговараат на директивите на EU и на WHO (World Heath Organization). Независно од нас  Центарот за јавно здравје-Скопје и Институтот за јавно здравје на РМ вршат анализи и нивните анализи истотака покажуваат дека водата што ја пијат граѓаните на Скопје е здраствено исправна.