haccpLogo isoLogo

Соопштенија

Успешно спроведена акција за чистење на сливници

16.02.2012

Успешно спроведена акција за чистење на сливници

ЈП Водовод и канализација-Скопје одржува 248 километри атмосферска канализациона мрежа. Во канализациониот систем постојат 17 088 сливници кои служат за прифаќање на атмосферските води и 44 962 ревизиони шахти кои служат за контрола и одржување на канализационата и атмосферската мрежа.

повеќе

Квалитет на водата

18.01.2012

Квалитет на водата

Квалитет на водата

ЈП Водовод и канализација-Скопје во својот Центар за санитарна контрола врши редовен мониторинг на квалитетот на водата за пиење.

повеќе

Заврши изградбата на првата делница од Фекалниот колектор Лисиче

15.01.2012

Заврши изградбата на првата делница од Фекалниот колектор Лисиче

Почитувани корисници,
Ве информираме дека и покрај тешко пристапните теренски услови, успешно завршија градежните активности поврзани со изградбата на првата делница од Фекалниот колектор Лисиче, во должина од 841 метри, по дел од улицата Божин Николов покрај отворениот Усјански канал во населбата Горно Лисиче.

повеќе

Поставен камен темелник на новата административна зграда 04.12.2011

04.12.2011

Поставен камен темелник на новата административна зграда 04.12.2011

ЈП Водовод и канализација-Скопје на ден 04.12.2011 година го постави камен темелникот на новата административно-управна зграда. На свечениот чин на поставување на камен темелникот присуствуваше Претседателот на Владата на РМ, г-дин Никола Груевски, Градоначалникот на град Скопје, г-дин Коце Трајановски, Претседателот на Советот на град Скопје, г-ѓа Ирена Мишева, Заменик Министерот за локална самоуправа г-дин Сашо Лазаровски, Директорите на...

повеќе

Отворен наплатен пункт во општина Шуто Оризари

02.12.2011

Почитувани корисници,
Во насока на зголемување на нивото на услуги, намалување на Вашите трошоци и подобра взаемна и непосредна комуникација, ЈП Водовод и канализација - Скопје, на 02.12.2011 година, отвори наплатен пункт во општината Шуто Оризари.

повеќе

Реконструирана водоводната мрежа на улицата Марко Орешковиќ

29.11.2011

ЈП Водовод и канализација-Скопје, поради застарената водоводна мрежа, во континуитет врши реконструкција на истата односно врши замена на дотраените цевки со нови поквалитетни материјали, кои се отпорни на влијанијата на почвата и на сообраќајот, со што се намалуваат повредите на самата водоводна мрежа, а со тоа и дефектите на истата.

повеќе

Реконструирана водоводната мрежа на улица Козле 1, во општина Карпош

29.11.2011

ЈП Водовод и канализација-Скопје ја реконструираше старата водоводна мрежата, со нова од дуктилно железо, на улица Козле 1, со профил ф-100 мм, а во должина од 168 метри. Со реконструкцијата на водоводната мрежа жителите од овој дел од општина Карпош, добија подобро и поквалитетно водоснабдување.

повеќе

Реконструирана водоводната мрежа на повеќе улици во населба Керамидница

29.11.2011

ЈП Водовод и канализација-Скопје ja реконструираш водоводната мрежа, во населба Керамидница, општина Гази Баба. Со реконструкцијата се замени старата поцинкувана мрежа која беше со профил ф-51 мм, со нова водоводна мрежа од дуктилно железо, со двојно поголем профил ф-100 мм, во должина од 1266 метри, на ул. 513, 518, 519 и дел од ул. Перо Наков. Вкупната инвестиција изнесуваше 8.732.000 денари. Со реконструкцијата на водоводната мрежа жителите од...

повеќе

Реконструирана водоводната мрежа на повеќе улици во општина Кисела Вода

28.11.2011

ЈП Водовод и канализација-Скопје ја реконструираше старата цолована водоводната мрежа, со нова од дуктилно железо, по дел од улиците Балканска, Есенинова, Жил Верн, Трпе Петровски и Јордан Филиповски, со вкупна должина од 770 метри. Со реконструкцијата на водоводната мрежа жителите овој дел од општина Кисела Вода добија подобро и поквалитетно водоснабдување

повеќе

Одлука за ослободување од плаќање на корисниците кои примаат постојана парична помош односно социјално загрозените семејства.

28.11.2011

Почитувани,

Во насока на правилно и целосно информирање на јавноста, би сакале да Ве информираме дека Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на седницата одржана на 02.10.2002 година, донесе Одлука за ослободување од плаќање на корисниците кои примаат постојана парична помош односно социјално загрозените семејства.
Советот на Град Скопје како основач на претпријатието, со Решение број 09-3013/1 од 19.11.2002 година даде согласност...

повеќе

Ден на дрвото

23.11.2011

Ден на дрвото

ЈП Водовод и канализација-Скопје по повод Ден на дрвото, кој се одржа на 23.11.2011 година под мотото Садиме денес – пишуваме и праќаме писмо на мирот, зема активно учество во традиционалната есенска акција за пошумување. Имено околу 400 вработени на две локации на средно Водно кај жичарницата и на Милениумскиот крст засадија нови садници со што како ЈП Водовод и канализација-Скопје дадовме активен придонес за унапредување на...

повеќе

Реконструкција на водоводната мрежа во 2011 година

18.01.2012

ЈП Водовод и канализација-Скопје одржува 1030 километри водоводна мрежа . Цевките од водоводната мрежа се главно изработени од ливено железо околу 70 %, а мал процент од други материјали и тоа поцинкувани околу 9%, челични околу 4%, пластични околу 3%, дуктилни околу 4% и салолинтни (азбест-цементни) околу 10%.

повеќе

Интервенции на водоводната и канализационата инфраструктура

10.01.2012

Интервенции на водоводната и канализационата инфраструктура

И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани корисници,
Ве известуваме дека теренските тимови на ЈП Водовод и канализација-Скопје, навремено, совесно и одговорно ги извршуваат своите секојдневните работни задачи и обврски, со цел квалитетно и ефикасно одржување и санирање на дефектите на водоводната и канализациона инфраструктура.

повеќе

Интервенции на канализациона мрежа

30.10.2011

Интервенции на канализациона мрежа

Ве известуваме дека теренските екипи од Сектор Канализација, кој е дел од ЈП Водовод и канализација-Скопје, навремено, совесно и одговорно ги извршуваат своите секојдневни работни задачи и обврски

повеќе

Нов наплатeн пункт во општина Сарај

03.10.2011

Нов наплатeн пункт во општина Сарај

Во насока на зголемување на нивото на услуги, намалување на Вашите трошоци и подобра взаемна непосредна комуникација, ЈП Водовод и канализација-Скопје на ден 03.10. 2011 година, го отвори наплатниот пункт во општина Сарај

повеќе

Водомерна лаб. сертифицирана по ISO стандард

01.06.2011

Водомерна лаб. сертифицирана по ISO стандард

Службата за одржување на водомери е организациона целина во Сектор Водовод, кој е дел од ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА-Скопје. Службата се состои од две одделенија: Одделение за поправка и Одделение за верификација на водомери.

повеќе

Реконструирана водоводната мрежа на улицата Македонско-Косовска Бригада 3, во општина Чаир

29.12.2011

ЈП Водовод и канализација-Скопје ja реконструираше старата водоводна мрежа, со нова од дуктилно железо, со профил ф-100 мм, а во должина од 138 метри и 500 метри приклучоци на улица Македонско-Косовска Бригада 3, во Тенеќе Маало. Со реконструкцијата на водоводната мрежа жителите од овој дел од општина Чаир добија подобро и поквалитетно водоснабдување.

повеќе

Реконструкција на водоводната мрежа на ул.Козле 1, општина Карпош

01.04.2011

Реконструкција на водоводната мрежа на ул.Козле 1, општина Карпош

ЈП Водовод и канализација-Скопје, во континуитет продолжува со реконструкција на водоводната мрежа односно замена на дотраените азбест-цементни и поцинкувани цевки со нови поквалитетни материјали, кои се отпорни на влијанијата на почвата и на сообраќајот, со што ќе се намалат повредите на самата водоводна мрежа а со тоа и загубите на вода.

повеќе

Реконструкција на водоводната мрежа на улица Македонско-Косовска Бригада 3, општина Чаир

30.03.2011

Реконструкција на водоводната мрежа на улица Македонско-Косовска Бригада 3, општина Чаир

ЈП Водовод и канализација-Скопје на ден 30.03.2011 година отпочна со реконструкција на водоводна мрежа на улица Македонско-Косовска Бригада 3, во Тенеќе Маало, во општина Чаир, со вкупна должина од 138 метри и 500 метри приклучоци.

повеќе