3. Приклучок на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација
Преземи барање:
Барање за издавања решенија за приклучоци и двоење во шахта
Документите се поднесуваат во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација- Скопје на ул. Вељко Влаховиќ бр. 11 приземје (архива)
Напомена: Започнувајќи од 01.03.2012 год. Согласно „Законот за градење“ (Службен Весник на РМ бр. 130/09, 124/10 и 18/11 односно согласно член 92-а, потребно е барањата до ЈП Водовод и канализација- Скопје за приклучоците на градска водоводна и канализациона мрежа за новоизведените објекти, да ги испраќаат Општините односно единицата за локална самоуправа на чие подрачје е изграден објектот.
(инвеститорот т.е. Општината поднесува барање за приклуок, доставува хидротехнички услови и одобрение за градба, а по излегување на терен, референтот изработува предмер-пресметка за водоводен и/или канализационен приклучок)
(врз основа на предмер-пресметка се изработува авансна фактура која странката ја подига во дирекција на ЈП Водовод и канализација- Скопје на ул. Вељко Влаховиќ бр. 11 на 5 спрат (фактурно) или се доставува на Град Скопје доколку е барател Општина или единицата за локална самоуправа.)
Цените на услугите се според спецификацијата и ценовникот на ЈП Водовод и канализација- Скопје.
ПРЕДМЕТ:Барања за издвање на решение за :
Вид на приклучок потребни прилози
Водоводен приклучок 1, 2
Фекален приклучок 1, 2, 5
Атмосферски приклучок 1, 2, 5
Двоење во шахта 3, 4
Реконструкција на приклучок 5
Евидентирање на изведен приклучок 6, 7
Прилог потребни документи:
1. хидротехнички услови - копија,
2. одобрение за градба (градежна дозвола) - копија,
3. согласност од сопственикот на шахтата
4. фотокопија од с-ка за вода на давателот на соглесноста
5. фотокопија од с-ка за вода од барателот на приклучок
6. документ за потврдување на сопственост на објектот
7. фотокопија од с-ка за статичен телефон или струја