haccpLogo isoLogo

Систем за следење на возила (GPS)

Користејки ги иновативните технологии кои овозможуваат поголема продуктивност на работењето, во претпријатието е во употреба систем за следење на локацијата и движењето на флотата на возила, базиран на глобалниот систем за позиционирање (GPS).

Оваа моќна алатка овозможува целосна контрола на расположивоста на возилата, а со тоа дава и можност за оптимално управување со возилата со цел да се задоволат сите потреби во најкратко можно време и со најмали трошоци.

Системот нуди моментално real-time следење или историски преглед на движењето на едно или на повеќе возила, на подлога од прегледни и детални мапи, со приказ на регистерски број, корисник, брзина, залиха на гориво и други корисни податоци.