haccpLogo isoLogo

Систем за мониторинг и управување на објектите (SCADA)

Во дел од објектите за водоснабдување е имплементиран систем за мониторинг и автоматско управување – SCADA (Supervisory Control and Data Acquisition). Овој систем им овозможува на операторите и контролорите во секој момент да имаат увид за состојбата на објектите, работните параметри и евентуални проблеми во работењето. Со тоа се овозможува брза реакција во случај на дефект на инсталираната опрема, рана детекција на аномалии во водоводниот систем (преголема потрошувачка, неконтролирано истекување и слично), како и можност за анализа на историски податоци за работните параметри на системите.

SCADA системот е имплементиран во локалитетот Бутел – Радишани - Шуто Оризари, а постојат планови за негово проширување на целиот водоснабдителен систем на градот.