haccpLogo isoLogo

Фреквентни инвертори и Софт-стартери (FI/SS)

Претпријатието стопанисува со повеќе од 30 пумпни станици со повеќе од 100 пумпни единици (пумпни агрегати). Ова условува голема потрошувачка на енергија и значајни трошоци по тој основ. Со вградување на уреди за меко стартување и уреди за погон на моторите со променлива брзина можат да се постигнат значителни заштеди на електрична енергија, а воедно се штитат пумпните агрегати и потисните инсталации од механички оштетувања поради чести и нагли стартувања. Од овие причини претпријатието има монтирано уреди за фреквентна регулација и меко стартување во повеќе објекти (Рашче-2, Нерези, Лепенец, Медреса, Глумово, Студеничани, Драчево, Батинци). Поради одржување на трендот на модернизација на објектите се планира и натамошно вградување на вакви уреди во други пумпни станици, со што се поедноставува и идната имплементација на SCADA системот во овие објекти.