haccpLogo isoLogo

Сервисни информации

ЈП Водовод и канализација-Скопје одржува 1030 километри водоводна мрежа . Цевките од водоводната мрежа се главно изработени од ливено железо  околу 70 %, а мал процент од други материјали и тоа поцинкувани околу 9%, челични околу 4%, пластични околу 3%, дуктилни околу 4% и салолинтни (азбест-цементни) околу 10% или кажано  во километри околу 100 км од вкупната водоводна мрежа.
 ЈП Водовод и канализација-Скопје во континуитет врши реконструкција односно замена на азбест-цементните и поцинкувани цевки со нови цевки кои се со поголеми профили и се изработени од поквалитетни материјали односно од дуктилно железо, кои се отпорни на влијанијата на почвата и на агресивноста на сообраќајот, со што се намалуваат повредите односно дефектите на самата водоводна мрежа, а корисниците добиваат подобро и поквалитетно водоснабдување.
Азбест-цементините и поцинкувани цевки се менуваат поради староста и воведување на нови технологии за производсво на водоводни цевки, а не поради тоа што се штетни. Сите досегашни истражувања на ова поле вршени од страна на Светската здравствена организација покажуваат дека азбест-цементните цевки не се штетни за здравјето на луѓето затоа што самата цевка е обвиткана со азбестно млеко кое ја пружа неопходната заштита. ЈП Водовод и канализација-Скопје  го прекина користењето на азбест-цементни  и поцинкувани цевки при изградбата на својата инфраструктура уште од 1989 година.
Основна и единствена причина за замена на азбест-цементните цевки се заштедата и намалување на загубите на води, а во никој случај квалитетот на водата.
Азбест-цементните и поцинкувани цевки ги реконструираме односно заменуваме во сите општини по сознанијата на нашите реони и пунктови на оние места каде имаме почести дефекти.
Секоја година одвојуваме значителнa сума на финансиски средства и тоа од 2008 година па заклучно со 2011 година инвестирани се 460 милиони денари или по години во 2008 година 100 милиони, 2009 година 120 милиони, 2010 година 120 милиони и во 2011 година инвестирани се 120 милиони денари. И во оваа 2012 година продолжуваме со ваквата тенденција на инвестирање во реконструкција на водоводната мрежа на целата територија на град Скопје, со цел нашите корисници односно граѓаните на град Скопје да добијат што е можно подобро и поквалитетно водоснабдување.
Согласно Инвестиционата програма за оваа 2012 година предвидени се 120 милиони денари за реконструкција на водоводната мрежа.
  Во 2011 година се реконструираа односно заменија 15 км азбест-цементни и поцинкувани цевки од постојната водоводната мрежа или севкупно од 2008 заклучно со 2011 години, заменети се 55 км азбест-цементни и поцинкувани цевки.

Jавното Претпријатие Водовод и канализација - Скопје се финансира исклучиво од продажба на вода и извршени услуги.

Важечките цени за услугите се следниве:

Вода со канализација

ДомаќинстваСтопанство
29,39 ден/m3  65,80 ден/m3 

Вода без канализација

ДомаќинстваСтопанство
17.25 ден/m3  46,63 ден/m3

Во цената на услугата за вода се вклучени и 17,5 % надомест за одржување на јавното зеленило, односно за Ј.П. Паркови и зеленило - Скопје.

Со сметката за вода и канализација се прибираат и средства за одржување на јавната хигиена, односно за Ј.П. Комунална хигиена.

Читањето на состојбата на водомерите се врши секој трет месец, а сметката Ви ја доставува вашиот инкасатор секој месец.

Сметките можат да се платат во наплатниот пункт во Општина Сарај, во наплатниот пункт во Општина Шуто Оризари, сите експозитури на Македонски Пошти, во сите банки и на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје (ул.Вељко Влаховиќ бр.11), на приземје.

Рекламација на сметки

Рекламации се пријавуваат во Службата за наплата во дирекцијата на Ј.П.Водовод и канализација - Скопје, на ул Вељко Влаховиќ бр.11, на приземје.

e-mail: naplata@vodovod-skopje.com.mk

Промена на корисник:

Барање за промена на име корисник се поднесува во Службата за наплата, во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на ул.Вељко Влаховиќ бр.11, на приземје.

e-mail: naplata@vodovod-skopje.com.mk

Потребни документи:

  1. Последна сметка (платена),
  2. Копија од купопродажен договор или наследно решение.

Со цел зголемување на транспарентноста на работењето, корисниците на ЈП „Водовод и канализација“- Скопје можат да ги пишуваат своите забелешки за работата на Претпријатието или за услугите кои ги нудиме.

Поставена е кутија за корисници во Службата за наплата каде секој корисник може да ја остави својата забелешка или предлог. Секоја порака Претпријатието внимателно ќе се разгледува и по истата ќе се постапува. ЈП „Водовод и канализација“- Скопје ги повикува граѓаните да го напишат своето мислење за работата на Претпријатието и да бидат активен партнер во подобрувањето на услугата кон корисниците.

Доколку имате забелешка или предлог ,можете да го пратите и на следниот е-маил:
kontakt@vodovod-skopje.com.mk

Забелешките и предлозите корисниците може да ги испратат и преку WEB страната , откога ќе се регистрираат и логираат .

Не оставајте да тече

Повеќето од нас имаат лоша навика да ја оставаат славината да тече додека ги миеме забите, или ја истекуваме водата за пиење. Тоа е добар начин непотребно да се потроши огромна количина на вода секојдневно.

Поправете ги славините кои капат

Не постои мало капење. Славината која капе може да потроши до 100 литри вода на ден. Лесно се поправаат со замена на гумичката или доколку е потребно и замена на вентилот.

За илустрација доколку чешмата не ви е во исправна состојба или не ви е добро затворена, на водомерите во вашите домови ќе биде регистрирана одредена дополнителна количина на потрошена  вода и тоа:

Една капка во секунда, за еден ден ќе значат дополнителни 5,1 литри потрошена вода, неделно 36 литри а годишно 1880 литри потрошена вода.

Две капки во секунда, за еден ден ќе значат дополнителни 17 литри, неделно 117,5 литри а годишно 6115 литри потрошена вода.

Континуирано капење, за еден ден ќе значат дополнителни 108,5 литри, неделно 2000 литри а годишно 39 500 литри потрошена вода.

Млаз со дебелина од 1,5 мм, за еден ден ќе значат дополнителни 380 литри, неделно 2660 литри, а годишно 138 200 литри потрошена вода.

Млаз со дебелина од 3 мм, за еден ден ќе значат дополнителни 1180 литри, неделно 8230 литри, а годишно 427 500 литри потрошена вода.

Млаз со дебелина од 5 мм, за еден ден ќе значат дополнителни 1955 литри, неделно 13 700 литри, а годишно 711 500 литри потрошена вода.

Исправност на казанчињата

Казанче кое тече е најголем прикриен потрошувач на вода. Од него може да истечат до 300 литри на ден. Статистички е докажано дека секое петто казанче тече. Затоа редовно проверувајте ги и поправајте ги навреме. Користете казанчиња кај кои се штелува количината што истекува. Опсегот е меѓу 5 и 10 литри. Казанчето е "виновник" за 30% од потрошената вода во вашиот дом.

Проверете ги вентилите во вашата шахта. Ако капат или течат пријавете во најблискиот пункт.

Бидете рационални

Туширајте се кратко. За секоја минута туширање трошите 20 до 40 литри вода.

Затворајте ја славината кога миете заби или се бричите. Ќе заштедите 20 литри.

Едно перење на машина троши околу 80 литри вода. Перете само кога машината е полна.

Во водоводниот систем на град Скопје во употреба се водомери од марките INSA, IКОМ и ABB.

Вашиот водомер изгледа слично како на прикажаните слики.

Кај водомерите со директен бројчаник, едноставно отчитајте ја состојбата на бројчаникот. Децималите од кругчињата не се потребни.

Кај водомерите со кругчиња, почнете го читањето од кругот означен со "x1000", па "x100", "x10" и "x1". Бројките од кругчињата означeни со "x0.1", "x0.01" и "x0.001" не ви се потребни.

При отчитувањето, запишете ја бројката преку која стрелката веќе поминала.

Пример на сликата  00000 m³
Пример на сликата  1632 m³