Службата за одржување на водомери е организациона целина во Сектор Водовод, кој е дел од ЈП Водовод и канализација-Скопје. Службата се состои од две одделенија: Одделение за поправка и Одделение за верификација на водомери.На 01.06.2011 година Одделението за верификација на водомери се акредитира од страна на Институтот за акредитација на РМ ( Сертификат за Акредитација бр. ИТ-048 од 01.06.2011 година ), со што се потврдува дека истото ги исполнува барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2006, тип Ц - инспекциско (контролно) тело за преглед/верификација на водомери за ладна вода. Рокот на важност на Сертификатот е 31.05.2015 година.
Одделението за верификација на водомери е акредитирано за давање на услуга ( инспекциска активност ):
а во согласнст со Законот за метрологија („Сл. Весник на РМ“, бр. 55 од 16.06.2002г. и бр. 120 од 02.10.2009г.), Правилникот за мерилата („Сл. Лист на РМ“, бр. 17 од 08.02.2010 година), и Правилникот за начинот и постапката за прва, периодична и вонредна верификација на мерила („Сл. Весник на РМ“, бр. 25 од 02.03.2007г.), како и меѓународните директиви и стандарди ( Директива 2004/22/ЕC на Европскиот Парламент од 31 март 2004 ( МИД ), Анекс MI-001 ( Водомери ), OIML R 49: Водомери за мерење на топла и ладна вода, Дел 1, 2 и 3 и ISO 4064:2005, Дел 1, 2 и 3.
Основната дејност на инспекциското тело и вработените во него е вршење преглед/верификација на водомери. Сите заинтересирани страни имаат пристап до услугите на инспекциското тело, односно имаат можност да присуствуваат на инспекцијата на нивните водомери.
Одделението за верификација на водомери им овозможува на клиентите навремени инспекциски услуги, со највисок можен квалитет и постојано задоволување на критериумите за; однесување. Преку квалитетен преглед/верификација на водомери обезбедуваме доверба кај клиентите. Транспарентноста и достапноста, независноста и непристрасноста, недискриминацијата, доверливоста и заштитата на податоците се принципитe врз основа на кои се заснова работата на Одделението за верификација на водомери.